ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Работниците и нивните права за нас се на прво место, затоа континуирано продолжуваме да соработуваме со МОТ

December 11, 2023 13:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со делегацијата од РСМ се сретнаа со регионалната директорка на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа, Клер Харасти. На средбата фокусот на разговорот беше на соработката и придонесот на Меѓународната организација на трудот во работата на Министерството за труд и социјална политика во делот на поголеми работнички права, подобри работни места и флуидноста на работници на пазарот на трудот во Република Северна Македонија.

Тренчевска на средбата на директорката и го објасни новиот предлог Закон за работни односи и посочи дека во истиот се земени сите технички коментари на Меѓународната организација на трудот. Таа потсети дека претставниците на МОТ во РСМ активно учествуваа на секоја од јавните расправи за законот, каде беа дадени конструктивни коментари од сите релевантни чинители.

Министерката зборуваше и за новата алатка на МОТ за Самопроценка на механизмот за мирно решавање на работните спорови.

„Како држава ја применивме новата алатка на МОТ за Самопроценка на механизмот за мирно решавање на работните спорови и истата се покажа како ефикасен инструмент кој ни помогна да ги детектираме недостатоците на нашиот механизам“ рече Тренчевска.

Таа зборуваше и за плодната соработка на МТСП и МОТ во делот на безбедност и здравје при работа.

„Подолго време се работи на нов Закон за безбедност и здравје при работа и кога ќе заврши неговата подготовка, од големо значење би ни било да добиеме технички коментари и за овој закон, со оглед на фактот дека Законот ќе треба да обединува голем дел од меѓународните трудови стандарди од областа на безбедност и здравје при работа, а кои се неопходни, доколку сакаме да ги унапредуваме работничките права во целина“ истакна Тренчевска.

На средбата беше спомената и подготовката на новиот Закон за заштита од вознемирување на работното место. Министерката истакна дека истиот треба да биде усогласен со Конвенцијата за заштита од насилство и вознемирување бр. 190 која во РСМ беше ратификувана оваа година.

На крај од средбата директорката, Харасти ја покажа спремноста на МОТ да се приклучи во синхронизацијата на Законот за заштита од вознемирување на работното место со Конвенцијата бр. 190 и посочи дека и претставува вистинско задоволство што Владата има континуирана соработка со канцеларијата на МОТ во РСМ. Таа истакна дека секоја помош која што е потребна на тимовите од министерството за унапредување на прашањата за кои се залага МОТ ќе биде несебично укажана.

Next Post

Меџити: Со новата медицинска опрема во МАНУ резултатите готови за еден ден

НАЈНОВО

Пад на каматите на кредитите, раст на каматите на депозитите во септември

November 3, 2025
Фото: МИА

Кривична постапка за организирање борби со кучиња во битолско

November 3, 2025

Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk