„Не се проблем националистичките моменти – туку наративот кој циркулира низ државата. Не е битно кој ќе биде премиер туку дали си човек или не си. Никој не ги ни споменува уставните измени, а секако кој и да дојде на власт тоа е тема којашто не може да се избегне. Мора некогаш да постои сложување помеѓу партиите не може да одиме во недоглед – мора да се сложат и да постои некоја точка кадешто ќе се помират‘’ – рече Мишко Иванов во утринската програма на Слободен Печат.
Тој рече дека во пред изборниот тек секако како и по навика очекува лажни вести и афери и повторно повторување на истата пред изборна кампања. Она што е карактеристично е тоа што ќе се случува со изборите е дека од страна на СДСМ Пендаровски не ја исклучи можноста за кандидатура а се уште се чека ВМРО дали ќе учестува во Прижинската Влада.
„Никогаш не дозолувајте да ве понесе атмосферата од било која ситуација. Секоја приказна има две страни. Во денешно време е многу тешко да укажеш на некого за текст или објава, младите колеги се повеќе се понесени од социјалните медиуми и тешко се води полемизација за да се види дали еден текст е добар или не’’ – рече Мишко Иванов
Тој додаде дека проблемот во денешно време не се регулираните медиуми туку интернет просторот кадешто кој може да објави и каже што сака без да има некоја законска одговорност или обврска кон тоа што го кажува или споделува со пошироката јавност.