ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нов Колективен договор за вработените во одбраната и Армијата до крајот на годината

December 13, 2023 12:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска имаше средба со претставници на Независниот синдикат на одбраната на која беше постигната согласност до крајот на годината да биде потпишан нов Колективен договор со кој ќе се унапредат правата на вработените во одбраната и Армијата.

Ова е продолжение на успешната соработка на министерката Петровска со синдикатите во одбраната, која досега резултираше со измени на Законот за служба во Армијата со кои се воведоа повисоки плати, се зголемија месечните приходи со исплата на месечна станарина се унапреди статусот на припадниците на Армијата, се воведе отпремнина за професионалните војници со навршени 45 години, подобри услови за пензионирање и низа други поволности за припадниците на Армијата.

Соработката на министерката со Синдикатите по донесувањето на овој Закон продолжи со несмалено темпо што доведе до изготвување на нов Закон за вработените во одбраната со кој се воведуваат низа поволности и за административните службеници и за сите категории на вработени во Министерството за одбрана.

Претседателот на Независниот синдикат на одбраната Ванчо Исајов го поздрави процесoт на донесување на Законот за вработени во одбраната кој во моментов се наоѓа во собраниска процедура.

Од страна на претставниците на Независниот синдикат во одбраната, денеска на министерката Петровска и беше врачена благодарница за успешната соработка и за нејзината поддршка за унапредување на положбата на вработените во одбраната и Армијата.

Министерката Петровска продолжува со редовни состаноци и консултации со Синдикатите во одбраната и безбедноста.

Next Post

Анчелоти постави клупски рекорд во Реал по победи во Лигата на шампионите

НАЈНОВО

Извештај на ЕК за Северна Македонија: Постигнат значителен напредок, но се потребни интензивни напори за владеење на правото

November 3, 2025
Скриншот

Орбан: Финансирањето на Украина не е работа на Унгарија

November 3, 2025
Скриншот

Хамилтон: Не можеш да работиш секој час од твојот живот, инаку ќе бидеш несреќен

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk