Засега неидентификувани хакери извршиле голем кибер-напад врз Универзитетот во Инсбрук во Австрија во кој биле опфатени податоците на 23.000 студенти, соопшти универзитетот денеска.
Украдените податоци вклучуваат имиња, датуми на раѓање, како и адреси на живеење и е-пошта.
Информациите за можниот мотив или идентификацијата на одговорните не се откриваат додека трае истрагата, пренесе ДПА.
Универзитетските власти соопштија дека била повикана полиција и оти се преземаат „потребните контрамерки“.
Студентите се предупредени да внимаваат на обидите за „фишинг“ и се повикани да пријават каква било сомнителна активност.
Извор: МИА