ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пратениците дебатираа за капиталните инвестиции во буџетот за 2024, издржаноста на проекциите и состојбите во повеќе области

Реализацијата на капиталните инвестиции, поддршката за социјално ранливите категории, пензиите, состојбите во образованието, здравството, основаноста на проекциите за приходите, беа дел од темите на денешната расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година.

December 26, 2023 18:42
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Реализацијата на капиталните инвестиции, поддршката за социјално ранливите категории, пензиите, состојбите во образованието, здравството, основаноста на проекциите за приходите, беа дел од темите на денешната расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година.

Пратениците од опозицијата и на третиот ден од расправата за буџетот повторно критикуваа дека капиталните инвестиции не се реализираат, не се изградени автопати, училишта, има проблем со набавка на лекови, како и дека проектираното ниво на приходите не е издржано. Буџетот, според нив, е за предизборен поткуп. Наспроти нив, власта ветува нови 733 милиони евра капитални инвестиции во 2024 година, како продолжение на, како што велат, рекордните  износи што се реализирани за таа намена во изминатите години. Се отвори расправа и за пензиите, со меѓусебни обвинувања  во чие време бил подобар пензискиот стандард, со ветувања за покачувања, како и за набавката на лекот Трикафта, проектот „Бехтел и Енка“, автопатот Кичево – Охрид…

Пратеникот од СДСМ Коле Чаракиев рече дека предложениот буџет е развоен и ги отсликува реалните потреби на граѓаните и институциите и обезбедува поддршка на компаниите.

-Вака конципиран буџет ги дава содветните реални состојби и можности граѓаните да почувствуават дека државата се грижи за нив.  И Фискалниот совет даде толкување дека буџетот е развоен и соодветно конципиран, рече Карачиев.

Меѓу останатото, ја нагласи поддршката на социјалните категории граѓани, наведувајќи дека за социјални надоместоци се одвоени 238 милиони евра. – Тоа е конзистентна политика која треба да биде  поддржана од сите наредни влади и треба да им се најде работа на социјално ранливите категории, рече Каракчиев.

Во реплика Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека власта со овој буџет купува социјален мир. – Досега се замрзнати цените, ќе видиме кога ќе се одмрзнат дали имате реципрочен раст на платите. Не сакате да ги извадите очилата да ја видите реалноста. Изминатиот период не се најде капацитет да се разберат суштински  работи во труд и социјална политика, здравство и образование, рече Василевска.

Белкиса Зекири од СДСМ, пак, ги наброја клучните проекти од капиталните инвестиции и истакна дека нивната реализација ќе генерира позитивни ефекти врз растот на среден рок.

Таа посочи и дека инфлаторните притисоци се намалени и инфлацијата е едноцифрена.

Во реплика Мирџе Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека граѓаните не го чувствуваат тоа што го зборува Зекири бидејќи, како што рече, системот не функционира. Критикиуваше дека има зголемување на трошоците за купување возила и за мебел, а е намалена ставката за водовод и канализација.

Јадранка Поцкова од ВМРО-ДПМНЕ  истакна дека предложениот буџет од 5,5 милијарди евра е за шест проценти повисок од минатогодишниот. Проекцијата за приходите на износ од 5,04 милијарди евра,  за 10 проценти повеќе во однос на лани,  според неа, е преамбициозна.  Наведе и дека слабата реализација на капиталните инвестиции во изминатите години се покажала како ограничувачки фактор за растот на економијата.

Расправата ќе продолжи по редовната пауза на пратениците.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Деспотовски: Годината беше успешна, прв пат ја надминуваме бројката од 18 000 работни места

НАЈНОВО

Трајановски: Целосно ќе го запреме урбанистичкиот терор и бетонизацијата во Аеродром

October 2, 2025

Дерала, Касале и Џозеф од Рим: Демократијата мора да се брани – со обединета Европа против војната, национализмот и авторитаризмот

October 2, 2025
Генерирано со ВИ

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа го отфрли планот на Трамп за прекин на војната

October 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Минималната плата во Албанија ќе биде 520 евра, за Мицкоски и 400 евра биле многу

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Српски пасоши за Руси – нова алка во руското влијание на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реџепи, Лимани и Османи со јасна предност – две победи во прв круг, една во вториот круг на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk