ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пуштен во употреба реконструираниот затворен пливачки базен во Струга

December 27, 2023 16:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски денеска го пуштија во употреба целосно реконструираниот затворен пливачки базен во Струга, проект спроведен со буџетски средства преку Агенцијата за млади и спорт во износ од 1,6 милиони евра.

Ковачевски во обраќањето пред присутните изрази задоволство што по цели 20 години повторно на стружани им стои на располагање затворениот пливачки базен, како што рече, споменот на многу генерации.

Тој изрази уверување дека објектот повторно ќе биде гордост на Струга и гордост на сите спортисти и вљубеници во пливањето.

– Затворениот пливачки базен е целосно реконструиран како дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт – Изградба на 14 пливачки базени во Република Северна Македонија. Комплетно е реконструирано базенското корито, машинскиот дел, електричната инсталација на делот од соблекувалните, фасадниот дел и покривот, а дограден е и мал помошен базен, рече премиерот притоа најавувајќи дека слични објекти ќе добијат уште шест општини.

Ковачевски потсети дека во тек е изградбата на базените во општините Ѓорче Петров, Кисела Вода, Кичево, Битола, Карпош и Штип, чијашто изградба треба да заврши во текот на 2024 година, додека наредните две години базени ќе добијат и Струмица и Кавадарци. Ковачевски истакна дека е завршен новиот базен во Тетово, и истиот е предаден во употреба.

Вредноста на базените поединечно изнесува околу 48 милиони денари или над 780 илјади евра.

– Покрај овие базени, Агенцијата за млади и спорт го гради и затворениот пливачки базен во Охрид, со вредност од 300 милиони денари или над 4,8 милиони евра. Со тоа, вкупната вредност за изградба на затворените базени во целата држава изнесува близу 12 милиони евра, рече премиерот Ковачевски.

Тој ја искористи можноста да истакне дека инвестициите во спортот се инвестиции во здрави и напредни генерации, оттаму и поттикот за иницирање на спортските потенцијали кај младите и сите граѓани, преку инвестиции во спортски објекти.

– Градиме спортски сали во училиштата, ги реновираме кошаркарските игралишта, го заживуваме спортот насекаде. Затоа и дел од буџетските средства во износ од 32,5 милиони евра, кои неодамна ги пренаменивме за општините за проекти на локално ниво, се наменети и за реализација на проекти од областа на спортот, рече Ковачевски.

Процесот за реконструкција, според директорот на АМС Мојсоски, бил тежок, но во ниту еден момент не се откажале.

– Навистина ми е драго и нема да ја кријам мојата голема среќа во овој момент кога го гледам овој базен, базен од моето детство повторно во функција. Со овој базен можам да кажам дека одново се роди гордоста на Стружани, рече Мојсоски.

Посочи дека е исправена неправдата пред стружани и базенот од кој излегле најдбрите пливачи и каде се следеле неворојатно возбудливи натпревариповторно е во функција.

– Руината во изминативе години ја оставаме зад нас и Струга повторно има затворен базен како што заслужува. Сигурен сум дека овој базен повторно ќе биде поттик за многу млади луѓе да почнат сериозно да се занимаваат со пливање или ватерполо. Овој базен е на сите Стружани и верувам и очекувам сите да го почитуваат и да го чуваат, нагласи Мојсоски.

Затворениот пливачки базен е во владение на АД ЕСМ преку подружницата ХЕС Црни Дрим.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: базенСтруга
Next Post

Димитрова: Секоја година, во духот на празниците организираме божиќни работилници со рачно работени лампиони и декорации

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Ричард Гир за Доналд Трамп: Имаме претседател кој не е само луд, туку е и темно присуство, за 6 месеци речиси ја уништи нашата земја

October 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025
Фото: Народна банка

Славески: Народната банка е пример за креирање политики засновани на квалитетни податоци и истражувања

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

    Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реџепи, Лимани и Османи со јасна предност – две победи во прв круг, една во вториот круг на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk