ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Најмалку 64 лица загинаа во разурнувачкиот земјотрес во Јапонија

January 3, 2024 09:39
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Најмалку 64 лица загинаа во разорниот земјотрес што ја погоди Јапонија на 1 јануари, а урнатините и оштетените патишта се уште ги спречуваат спасувачките служби да спроведат операции за пребарување и спасување на преживеаните, јавуваат јапонските медиуми.

Поминаа два дена откако земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала предизвика голема штета на инфраструктурата и пожари во градот Ваџима, во префектурата Ишикава, на брегот на Јапонското Море, но целосниот размер на оваа катастрофа е се уште непознато.

Hiro Komae, AP

Поради дождот кој, како што е најавено во подрачјата погодени од земјотресот, ќе паѓа до четврток, јапонската метеоролошка агенција предупреди на потенцијални одрони.

Јапонската војска (СДФ) користеше хеликоптери за доставување на основните материјали до отсечените области, а локалните власти побараа од централната влада да испрати дополнителен воен персонал за да помогне во спасувачките напори.

Kyodo News via AP

Премиерот Фумио Кишида на денешната прес-конференција потврди дека Владата одлучила да го зголеми бројот на војници во регионот погоден од земјотресот од сегашните илјада на две илјади. Кишида се состана со новинарите еден ден откако на аеродромот Ханеда во Токио се судрија авион на Џапан ерлајнс и авион на јапонската крајбрежна стража што превезуваше хуманитарна помош за Ваџима.

Kyodo News via AP

Епицентарот на разорниот земјотрес бил на околу 30 километри источно-североисточно од Ваџима на длабочина од 16 километри и регистрирал највисоко ниво од 7 единици на јапонската скала со сеизмички интензитет, наведуваат надлежните служби и потсетуваат дека ваков силен земјотрес бил последно снимен во 2018 година на Хокаидо.

Поврзано: 

Силен земјотрес во Јапонија, предупредување за цунами

Најмалку 30 загинати во земјотресот во Јапонија

Спасувачите се тркаат со времето за да спасат преживеани од земјотресот во Јапонија, расте бројот на загинати

Tags: загинатиземјотресЈапонија
Next Post

САД отфрлија можност за иселување на Палестинците од Газа

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Фртонтлајн

Режисерката Бигело одговара на критиките од Пентагон за филмот „House of Dynamite“: Јас само ја кажувам вистината

October 29, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Париската полиција го одби барањето за полициска станица во Лувр по кражбата на накит

October 29, 2025
Фото: Скриншот

Подводен робот откри „уредени населби“ на риби под антарктичкиот мраз

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk