Агенцијата на Обедеинтетите нации за итна помош -OCHA синоќа соопшти дека хуманитарните агенции со денови не можат да ја достават итно потребната помош за спасување на живите на жителите во северниот дел на Газа.
OCHA соопшти дека ОН и партнерските организации веќе четири дена не можат да достават хуманитарна помош северно од реката Вади Газа, бидејќи им бил забранет пристапот, додека во областа има борби.
Итно се потребни различни средства за помош, вклучувајќи и лекови за снабдување на повеќе од 100.000 луѓе за еден месец.
OCHA повика на итен, безбеден, одржлив и непречен хуманитарен пристап до областите северно од Вади Газа, кои се отсечени од југот на енклавата повеќе од еден месец.
Во Појасот Газа веќе трет месец беснее војната меѓу Израел и исламистичката организација Хамас. Според здравствените власти на Хамас, бројот на убиени Палестинци се искачи на 22.438, од кои огромното мнозинство се цивили.