ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Ќе се реновира поранешното кино „Партизан“ во Битола, ќе се претвори во современ мултифункцонален центар

January 8, 2024 12:03
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска најави дека оваа година ќе почне да се реновира поранешното кино „Партизан“ во Битола, а целта е тој да се претвори во современ, мултифункционален центар.

Идејата, како што посочи министерката, е објектот на поранешното кино „Партизан“ да се претвори во современ, мултифункционален центар, ефикасен за работа, комфорен простор, кој би ја збогатил културната сцена во градот Битола.

-Годинава започнуваме да го реновираме. Ќе биде мултифункционален обејкт. Неколку пати имав можност да се сретнам со нив кога го развивавме проектот, млади луѓе кои што ти ги впиваат идеите. Прво ќе се сработи киното „Партизан“, затоа што мораме да бидеме многу претпазливи со театарот и центарот за култура, не смееме да ги затвориме, бидејќи тоа не е работа во шест месеци. Прво да проработи ова, да имаме алтернативна сцена, вели Кистадиновска-Сојчевска, во интервју за интернет емисијата „Југо“ со Мими Марковски.

Зградата на поранешното кино „Партизан“ е изградена во времето на поранешна Југославија и во неа порано се прикажуваа кино проекции. Долги години работеше како едно од кината во градот Битола, а потоа како и другите две кина во периодот после 1990-те години, беше затворено.

Во 2006 година со одлука на Владата, овој објект му е доделен на користење на НУ Народен театар Битола.

Од Министерството за култура велат дека комплетната санацијата на објектот се однесува на подобрување на постоечката состојба на просторот, замена на дотраените материјали, ставање во функционалност и формирање на простори во кои идната публика, младите и вработените, би пронашле простор за реализирање на нивните културно-уметнички цели.

Исто така, предвидено е со неговото повторно ревитализирање и враќање во употреба, покрај тоа што ќе се обезбеди простор каде што младите ќе ги реализираатсвоите идеи на културно уметнички план, да се отворат и нови работни места со цел непречено функционирање на самиот објект.

Идејата е преку организација на концерти, изложби, кино-проекции како и дислокација на некои од постоечките претстави на НУ Народен театар Битола да се создаде нов уметнички простор со сопствена програма, идеа и визија.

Проектната документација е веќе завршена, истата беше дел од програмата за 2023 сега следува прва фаза на реализација на проектот, велат од Министерството за култура.

Next Post

Бројот на загинати во земјотресот во Јапонија се искачи на 168

НАЈНОВО

Таткото на Вирц: Флоријан не жали што дојде во Ливерпул – сè оди според планот

November 18, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Биткоин повторно под 90.000 долари – криптопазарот изгуби 1,2 трилиони за шест недели

November 18, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Влезниците за СП 2026 година нема да гарантираат визи за влез во САД

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk