Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров ги сумираше впечатоците по вечерашниот натпревар против Франција на отворањето на Европското првенство, истакнувајќи оти поразот од десет голови разлика (29-39) е превисок според прикажаната игра на теренот во Дизелдорф.
– Тие заслужија да победат, тие се најдобри во светот. Се боревме, но, не беше доволно. Не сум задоволен oд поразот, кој е превисок. Реално заслуживме да загубиме со шест или седум гола разлика, изјави Лазаров за официјалниот сајт на ЕХФ.
Македонските ракометари в недела ги очекува вториот натпревар во рамки на групата А против домаќинот Германија.
-Имаме денови да се подготвиме за Германија. Немаме доволно среќа да бидеме во група со Франција и Германија, но тоа е нашата среќа, рече македонскиот селектор.