Пакистан го отповика својот амбасадор од Иран, а на иранскиот амбасадор, кој моментално се наоѓа во таа земја, нема да му биде дозволено да се врати во Исламабад, соопшти денеска портпаролката на пакистанското Министерство за надворешни работи.
Таа одлука на пакистанската Влада е објавена откако претходно денеска Иран изврши нов ракетен напад врз Пакистан, насочен кон сунитска милитантна група на југот на таа држава.
Портпаролката на пакистанското министерство рече дека „еклатантното кршење на суверенитетот“ на Пакистан е „неиспровоцирано“ и „неприфатливо“.