Здружението на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ по повод на Денот на Соборноста на Украина организира свечен марш во центарот на Скопје од споменикот на Александар Македонски на плоштадот Македонија до споменикот на Тарас Шевченко во паркот Жена-борец во сабота, на 20 јануари, од 12 до 13 часот, известуваат од Здружението на Украинците во Македонија „Лесја Украинка.
Денот на Соборноста, односно прогласување на Актот за обединување на Украинската Народна Република и Западноукраинската Народна Република во 1919 година, во Украина се одбележува секоја година на 22 јануари.
Здружението на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ ги поканува сите граѓани да се придружат на манифестацијата.