ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фаворитот на Данела, Бени Шаќири нов директор на МКЦ?

January 22, 2024 11:50
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Утрово во Младинскиот културен центар пристигнал Бени Шаќири за да го презеде раководното место на Никола Алексов. Како што дознаваме од извори блиски на НоваТВ решението за нов директор на оваа културна институција и именувањето на Шаќири го потпишала градоначалничката Данела Арсовска но Алексов не сака лесно да замине од директорската фотеља.

Од протестот во МКЦ на 22 јануари 2023
Од протестот во МКЦ на 22 јануари 2023

Иако денеска се бележи точно една година откако десетици граѓани, културни работници протестираа пред Младинскиот културен центар против политички и партиски позиционирања во оваа институција со паролата „МКЦ (не) е партиска цицка“, сепак волјата на Арсовска и нејзиниот фаворит за позицијата директор е исполнета.

Од протестот во МКЦ на 22 јануари 2023
Од протестот во МКЦ на 22 јануари 2023

На последниот конкурс за избор на директор во МКЦ стигнале три пријави: музичарот Бени Шаќири, дипломиран продуцент и филмски работник Никола Мадиќ, кој е сопруг на заменичката-министер за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент и професор, магистер по менаџмент на јавни установи.

Според процедурата, Управниот одбор на МКЦ ги доставил апликациите од кандидатите до градоначалникот на Град Скопје, со тоа што предлага кандидати кои според критериумите се соодветни за позицијата за која аплицираат. Условите, покрај високото образование во областа на хуманистичките науки, се и 5-годишно работно искуство во областа на културата.

Последниот збор за одлуката кој ќе биде директор е на градоначалничката Данела Арсовска.

Досега в. д. директор на МКЦ беше Никола Алексов, дипломиран детектив, кој беше поставен на функцијата во јануари откако Арсовска го разреши Ванчо Богоев.

А. Василевска / Нова ТВ

Tags: Бени ШакириДанела АрсовскаМКЦ
Next Post

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Според Курти, растот и заедничкиот пазар на Берлинскиот процес го забрзуваат членството на регионот во ЕУ; ЦИК гласаа за доделување 360 илјади евра за Српска листа; Албконтрол во загуба од 60 милиони евра

НАЈНОВО

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

August 20, 2025

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk