ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шукова на Регионалниот координативен состанок за Западен Балкан во Приштина

February 8, 2024 15:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Справувањето со регионалните еколошки и климатски предизвици преку имплементација на Акциониот план за Зелената агенда за Западен Балкан и унапредување на регионалната соработка, со посебен осврт на кружната економија, беше во фокусот на обраќањето на министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова на панел дискусијата на високо ниво, организирана во рамки на Регионалниот координативен состанок за Западен Балкан, насловен „Revolve to Evolve – Go Circular“ што се одржа денеска во Приштина.

Како што информираат од МЖСПП, во обраќањето министерката Шукова посочила дека сме свесни за предизвиците (деградација на животната средина, климатски промени, загуба на биолошка разновидност, управување со отпад, енергетска транзиција) со кои се соочуваат земјите од регионот на Западен Балкан, но, нагласила дека на овие предизвици истовремено се гледа како на можности за раст и развој.

– Приоритетните акциски мерки се насочени кон забрзување на транзицијата кон обновливи извори на енергија, спроведување ефективни програми за намалување и рециклирање на отпадот, заштита и обновување на природните живеалишта и биодиверзитетот, промовирање на одржливи транспортни начини и инфраструктура. Сите овие предизвици треба да се усогласат со националните капацитети за апсорпција, со меѓународни договори и обврски поврзани со одржливоста на животната средина и други паралелни процеси во регионот, како што е новиот План за раст за земјите од Западен Балкан, истакнала Шукова, додавајќи дека стратешкиот пристап на Северна Македонија за забрзување на фундаменталните реформи за прогресивна интеграција со единствениот пазар на Унијата и социо-економската транзиција, како и усогласувањето со законите, правилата, стандардите, политиките и практиките на Европската Унија е во согласност со новиот План.

Министерката Шукова, во обраќањето се осврнала и на тековните напори во спроведувањето на принципите на кружната економија што, како што рекла, претставува трансформативна рамка за одржлив развој на Западен Балкан и е клучна за постигнување на националните, регионалните и глобални климатски цели.

Таа се осврнала и на позитивните искуства од имплементирани мерки и изразила задоволство што забраната за употреба на пластични кеси за еднократна употреба и забраната за употребата на производи спакувани во пластика во заштитените подрачја е препозната и поздравена од  регионот.

– Нашиот предизвик е координација на сите тековни процеси на национално ниво (особено на известувачкиот) со цел сите акции, цели и мерки да бидат конзистентни и остварливи. Секако, насоките се јасни, тие се и дел од Софиската декларација и Акцискиот план за спроведување на Зелената агенда за Западен Балкан, како и законодавството на Европската Унија. Потребно е партнерство владин/приватен (бизнис) сектор/академија/НВО, но пред се, потребно е знаење и разбирање на очекуваните цели и задачи кои произлегуваат од законодавството на ЕУ, потенцирала Шукова.

Како што велат од Министерството, фокусиран на Кружната економија, овој настан имал за цел да ги идентификува регионалните потреби, да ги детектира недостатоците во финансирањето и да ја подобри координацијата меѓу донаторите, бизнисите, индустрискиот сектор, граѓанството и економиите на земјите од  Западен Балкан, поттикнувајќи ги кон климатска неутралност што треба да се постигне до 2050 година.

Настанот е во организација на Регионалниот центар за соработка и проектот EU4Green.

Tags: ПриштинасеминарШукова
Next Post

Пекевски: Дечињата кои прележаа салмонела се во добра состојба

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk