ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Европската иднина е единствена опција за просперитетот на нашата држава

Понатамошните чекори на европскиот пат на земјата, вклучително и спроведувањето на реформите, како и Планот за раст на Западниот Балкан, беа главни теми на денешните средби на првиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ со советникот за надворешна политика на претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел, Сајмон Мордју и со заменикот на генералната директорка за Западен Балкан во Европската службата за надворешна политика (ЕЕАС), Марко Маковец.

February 13, 2024 23:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Понатамошните чекори на европскиот пат на земјата, вклучително и спроведувањето на реформите, како и Планот за раст на Западниот Балкан, беа главни теми на денешните средби на првиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ со Сајмон Мордју, советник за надворешна политика на претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел, како и со заменикот на генералната директорка за Западен Балкан во Европската служба за надворешна политика (ЕЕАС), Марко Маковец.

На средбите, Маричиќ го нагласи значењето на поддршката од европските институции во преговарачкиот процес, истакнувајќи ја силната посветеност за унапредување на државата кон ЕУ.

– Наша цел е остварување на стратешката цел, посветеноста на Владата е фокусирана на европската агенда како единствена опција за иднината на нашата земја, изјави Маричиќ.

На состаноците се дискутираше за понатамошните чекори на патот кон членство во ЕУ, сеопфатните реформи коишто се во тек во Северна Македонија, особено во областите како што се владеење на правото, демократските институции и јавната администрација, како и за патоказите кои се основа за отворање на Кластерот – Темели.

Во разговорите беше потврдено дека Европската Комисија има јасна визија за проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан и таа цел е високо на агендата на ЕУ, а наша задача е да продолжиме да го трасираме европскиот пат преку реализација на реформите, донесување на уставните измени и промоција на демократските вредности. При тоа беше изразена и јасна поддршка за постигнатите резултати и успешно завршените задачи на земјава на патот кон евроинтеграцијата.

Претходно денеска, вицепремиерот Маричиќ се сретна и со белгиската министерка за надворешни работи, европски прашања и надворешна трговија Хаџа Лабиб, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ и со генералниот директор на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата (ГД НЕАР), Герт Јан Копман, а заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи го придружуваа претседателот на техничката Влада, Талат Џафери на средба со заменикот генерален секретар на НАТО, Мирчеа Џоана во седиштето на Алијансата во Брисел.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Орданоски: Кинезите од политички причини не сакаат да го завршат автопатот Кичево-Охрид, низ светот буквално прават автопатишта под океан

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk