ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почна изградба на обиколница околу Тетово

February 13, 2024 11:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Дваенаесет милиони евра ќе бидат инвестирани во обиколница околу Тетово во должина од 5,4 километри на потегот од клучката „Требош“ до Непроштено, чија изградба почна денеска во присуство на техничкиот премиер, министри, пратеници и  претставници на локалната самоуправа.

– Изградбата на оваа обиколница е проект со кој ќе го забрзаме економскиот развој на регионот, ќе го растовариме сообраќајот и ќе го олесниме пристапот на многу компании кои работат во овој дел на државата, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Тој нагласи дека инвестицијата во износ од над 12 милиони евра е значаен придонес за развој на патната мрежа низ државава и ќе биде огромно олеснување за сите граѓани од Тетово, Желино, Теарце, Јегуновце и сите останати мста кои се поврзани со овие општини.

Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта ЈПДП како дел од годишната инвестициска програма. – Предвидено е да се изградат 5,4 километри пат, односно обиколницата ќе има по две коловозни ленти од двете страни во ширина од вкупно 6. 60 метри. Од двете страни на патот ќе има паралелни тампонски сервисни патишта по целата должина на делницата со ширина од околу три метри, информира директорот на ЈПДП Рустеми.

Техничкиот премиер Талат Џафери, исто така ја нагласи важноста на проектот и оти од улиците на централното градско подрачіе ќе бидат тргнати тешките товарни возила односно превозниците ќе возат по современ и безбеден пат, а со тоа ќе бидат заштититени граѓаните.

Во рамки на овој проект, како што соопшти Рустеми се предвидени повеќе објекти, како кружен тек, надвозник над пругата и пропусти. Почнат е и процесот за експропријација, а рокот за изведба е 15 месеци по воведувањето на изведувачот во работа, односно изградбата треба да заврши во мај следната година.  Ова е првата фаза за реализација на проектот, а со втората фаза е предвидена изградба на клучката Требош за што е почнато проектирање. Обиколницата ќе ја гради ГП „Гранит“.

Tags: Обиколница Тетово
Next Post

Царина спречи шверц на 4,4 тони месо од дивеч ризичен по здравјето на граѓаните

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk