ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ – Верола: Поддршка од Италија за прогресот на Северна Македонија на патот кон ЕУ

Северна Македонија ја продолжува својата посветеност кон европската интеграција, со значителен напредок по успешната реализација на скрининг процесот, мотивирани од Планот за раст кој е стратегија со намена за забрзување на економско приближување со земјите од ЕУ. Ова го заклучија на средбата вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и генералниот директор за Европа и меѓународна трговска политика од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Италија, Никола Верола.

February 19, 2024 19:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија ја продолжува својата посветеност кон европската интеграција, со значителен напредок по успешната реализација на скрининг процесот, мотивирани од Планот за раст кој е стратегија со намена за забрзување на економско приближување со земјите од ЕУ.

Ова, како што информира Секретаријатот за европски прашања,го заклучиле вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и генералниот директор за Европа и меѓународна трговска политика од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Италија, Никола Верола.

Маричиќ истакнал дека регионалната соработка на Западен Балкан е многу важна за успешно стратешко планирање на Планот за раст и спроведување на реформите во државата.

-За нас е важно да останеме на европскиот курс со оглед на моментумот со кој располагаме и кој Европската Унија го нуди како можност, посочил Маричиќ.

Верола укажал на поддршката на Италија за прогресот на Северна Македонија на патот кон ЕУ, истакнувајќи ги позитивните сигнали кои ги праќа во ЕУ за државата и за Западен Балкан, со цел тие да станат дел од европското семејство.

-Двете страни се сложија дека оваа шанса е реалност и остварлива цел за Северна Македонија да стане полноправна членка во ЕУ. На состанокот беше истакната важноста да се искористи моментот, да не се пропушта можноста со оглед на бенефициите кои државата би ги добила штом стане дел од Унијата, соопшти Секретеријатот за европски прашања.

Маричиќ го потврдил значењето на долгогодишната соработка и се заблагодарил за поддршката на Италија за суштинското прашање на државата за приклучување во Европската Унија.

На средбата учествувале и Андреа Касконе, претставник од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Италија заедно со италијанскиот амбасадор во земјава Андреа Силвестри и заменик шефот на мисијата Марио де Роза.

Next Post

ЕУ ја повика Русија да ги ослободи сите политички затвореници

НАЈНОВО

Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

Слот за победата над Реал: Ова е нашиот најдобар натпревар сезонава

November 5, 2025
Скриншот

Трамп: Изборните порази на републиканците се должат на парализата на буџетот и фактот дека моето име не беше на гласачкото ливче

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вистинските стравови на Џоди Фостер од Ентони Хопкинс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk