Фудбалерите на Барселона не се чувствуваат комфорни и се сомневаат во проектот на клубот.
Според „Diario Sport“, сомнежите на играчите произлегуваат од одлуката на Чави да си замине и неизвесноста кој ќе го замени како тренер на Барселона. И покрај резултатите кои не ги исполнуваат очекувањата, ангажманот на играчите е најдобар под водство на Чави.
Тренерот Чави лично агитираше за ангажманот на многу фудбалери од сегашниот состав, а овие играчи не знаат што ќе биде со нив под водство на новиот тренер. На пример, на иницијатива на Чави, Жил Кунде и Жоао Кансело се преселија во Барселона.
Шпекулациите дека клубот треба да продава играчи за да ги почитува економските правила исто така не му помагаат на тимот. На играчите им е непријатно.
Барселона е на третото место на табелата во Примера, со еден бод помалку од второпласираната Жирона и осум зад лидерот Реал Мадрид. На 12 март екипата ќе го одигра реванш натпреварот од 1/8 финалето од Лигата на шампионите против Наполи (прв натпревар – 1:1).