Голем број училишта и владини канцеларии, како и делови од автопатиштата кои водат до областа Денвер денеска се затворени откако американската сојузна држава Колорадо беше погодена од снежна бура.
– Нашиот град не видел вакво невреме неколку години, објави вчера на платформата Икс, градоначалникот на Денвер, Мајк Џонстон.
Дождот се претвори во снег во областа Денвер. Во ова подрачје се очекува да наврнат од 25 до 50 сантиметри снег, а во западните предградија до 60 сантиметри, соопшти американската Национална метеоролошката служба.
#COwx pic.twitter.com/OHRD4IglbO
— RealJohnDKelly (@RealJohnDKelly) March 14, 2024
Екипите се на терен и се обидуваат да ги расчистат патиштата. Поради невремерто на меѓународниот аеродром во Денвер но најмалку неколку стотици летови беа откажани или одложени во текот на денот.