Најмалку 29 Палестинци загинаа додека чекаа помош во два одделни израелски напади во Појасот Газа, соопшти Министерството за здравство под контрола на Хамас.
Во првиот инцидент, според извештајот на Хамас, осум лица биле убиени во воздушен напад во четвртокот врз центар за дистрибуција на помош во кампот Ал-Нусеират во централниот дел на Појасот Газа.
Во друг напад, најмалку 21 лице загина, а повеќе од 150 се ранети. Овој напад, според Хамас, бил изведен во четвртокот вечерта врз Палестинците кои чекале ред за помош на кружниот тек Кувајт во Газа.
Кружниот тек Кувајт и претходно беше цел на напади врз Палестинците кои чекаа ред за хуманитарна помош.