ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

На 28 март ќе се одржи последната пленарна седница на овој парламентарен состав

March 26, 2024 14:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Последната пленарна седница на овој парламентарен состав ќе се одржи на 28 март. На дневен ред на оваа пленарна седница закажана за во 11 часот се пет точки – Дополнетиот предлог на законoт за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите, Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител, Дополнет предлог на закон за основање на Медицински факултет во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, сите во второ читање и Предлог на автентичното толкување на член 93 став 2 од Законот за урбанистичко планирање и Барањето за давање на автентично толкување на член 19 од Законот за наследувањето, поднесено од пратеникот Лидија Тасевска.

Претстојните изборни циклуси се редовни, а Собранието останува функционално и при некаква итна потреба може да закаже седница.

Овој парламентарен состав се случи да работи  во услови на Ковид пандемијата, кога имаше ограничување и други посебни услови за работа. Парламентарните владејачки партии овој парламентарен состав го оценуваат како успешен, а за опозицијата „четири години фрлени во вода“.

Координаторот на пратеничката група на на ДУИ, Арбер Адеми, работата на овој мандат на Собранието го оценува како успешен во кој, како што рече, биле донесени важни закони за граѓаните.

-Ова што се случуваше во овој мандат, не се случуваше претходно. Нормалното функционирање стана исклучок и тоа по вина на опозицијата по опструкциите и кршење на сите деловнички одредби за нормално функционирање на Собранието. Речиси за стотина закони воопшто не е свикана седница, особено во комисиите предводени од страна на опозицијата. На тој начин им се оневозможило на пратениците да дискутираат воопшто, а камоли да одлучуваат по тие предлог-закони. Сметаме дека е успешен мандат. Гледано и од перспективата на ДУИ главните приоритети и ветувања се реализирани, почнувајќи од тоа премиерот да биде од редовите на ДУИ, потоа Коридорот 8, сето тоа поминало со предлог-закони кои беа разгледани во Собранието, па деветтиот пакет антикризни мерки за поддршка на граѓаните, фирмите, покачувањето на платите. Тоа што сме го ветиле пред граѓаните, се изреализирани. Сме реализирале и доста други проекти, рече тој.

Адеми потенцира дека во овој парламентарен состав остануваат и многу важни зкаони кои не биле разгледани.

-За жал, има закони кои воопшто не се разгледани – еден од нив е поврзано со вас вработените во медиумите за ослободување од придонесите и тоа да се смета како вид на плата. Бевме спремни да поднесеме амандман за да имаме што помотивирани вработени во медиумите, но за жал не е свикана таа седница и ред други седници. Комисијата за надворешни работи воопшто нема свикано седница за Законот за рестриктивни мерки. Без ниту една причина не се свикани седници. Законите поврзани со администрацијата мислам дека треба да се донесат, но не знам дали ќе се донесат бидејќи имаме уште една седница, рече пратеникот Адеми.

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, работата на овој парламентарен состав ја оцени како четири години фрлени во вода, недонесени закони кои се во интерес на граѓаните, меѓутоа многу склучени бизнис интерес закони, кои како што вели, кои власта ги бараше.

Тој својот став за работата на овој парламентарен состав го подели во три дела.

-Првиот дел, а тоа е малото мнозинство кое континуирано го имаше власта во Собранието за кое што се правеа непринципиелни отстапки и договори на дневна основа за функционирање како-така се со една цел останување на оваа власт на оваа владејачко мнозинство. Вториот дел од дискусијата би го посветил на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која во овој мандат покажа една цврстина и големина различна досега во сите мандантни состави, односно иако имаше многу разговори што би можело да се случи пратеничката групата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата остана кохерентна на сите предизвици и притисоци кои што се случуваа во овој мандат. Покажа една големина во демократијата и пред македонската јавност дека политичарите во еден мандатен состав можат да останат на истото место од каде што ја почнале целата патека, односно не да зборуваат едно во изборен период и во тек на мандатен состав да менуваат страни и дресови. И третиот дел – сметам дека она што беа клучни работи кои што требаа да се изработат во Собранието не беа изработени, за разлика од предметно интересните закони кои беа дел од владејачкиот дил. Зошто го велам ова? Во Собранието не беа разгледани интерпелациите на носители на функции од типот на Талат Џафери, Бојан Маричиќ, интерпелации потребни да се разгледаат во одреден временски период. Тие беа изоставени, тргнати настрана и не беа разгледани, рече праеникот Мицевски.

Мицевски потенцира дека во Собранието не биле разгледани информации поднесени од опозицијата за сообраќајната несреќа во Ласкарци, за состојбите и причините за пожарот во модуларна болница во Тетово и многу други битни законски решенија, рече Ммицевски.

Next Post

Ковачевски и Величковски потпишаа меморандум за соработка на СДСМ и Движењето за Нова Република во пресрет на изборите

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk