ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска – лорд Стјуард Пич: Одбранбената соработка помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство ја зацврстува безбедноста на регионот и колективната безбедност на Алијансата

April 3, 2024 14:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска се сретнала со специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западниот Балкан, лорд Стјуард Пич со кого разговарала за безбедносната состојба во Европа и во регионот на Западниот Балкан и за развојот на одбранбените односи помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство како сојузници во Алијансата, соопштија од Министерството за одбрана (МО).

На состанокот присуствувал и амбасадорот на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Метју Лосон.

Северна Македонија, нагласила министерката, го смета Обединетото Кралство за сојузничка земја со која имаме силни пријателски врски и развиена одбранбена соработка која ни помогна да ги достигнеме НАТО стандардите.

– Нашата заедничка посветеност кон зацврстување на безбедноста и стабилноста е повеќе од видлива. Со британска поддршка, ние продолжуваме да го развиваме нашиот најголем полигон во модерен тренинг центар кој нуди одлични услови за развој на интероперабилноста помеѓу сојузниците во НАТО, рекла Петровска, стои во соопштението од МО.

Специјалниот претставник, лордот Пич на средбата истакнал дека Северна Македонија и Обединетото Кралство имаат силна одбранбена соработка, видлива преку континуираната британска поддршка во доменот на военото образование, разни видови на донации и заеднички вежби на припадници на двете вооружени сили на полигонот „Криволак“.

Во соопштението се посочува дека Обединетото Кралство е сојузничка земја со која Северна Македонија има развиено сеопфатна одбранбена соработка. Во 2023 година беа реализирани десет заеднички обуки и вежби, а припадници на Армијата продолжија да се усовршуваат на високи воени школи во оваа земја.

На „Криволак“ со поддршка од Обединетото Кралство од околу еден милион британски фунти поставени се 14 комплексни мобилни единици за обука на армиските припадници во урбана средина, донирани се електронски системи за таргетирање, а во финална фаза е изработката на кула за гаѓање. Дополнително, британски војници реализираа голем број на обуки со припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група на македонската Армија.

Next Post

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на партијата Алијансата за Албанците

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk