Градот Јанџин во покраината Јунан, јужна Кина, е единствен во светот по својот изглед… Имено, со својата должина од 1.416 километри важи за „Најтесниот град во светот“, бидејќи се наоѓа меѓу две големи планини, а по долината на реката Гуан и има две улици.
Ова населено место се наоѓа во планинско подрачје, па највисоката точка е на 2.263 метри надморска висина, а најниската на 329 метри височина. Сместен на бреговите на реката, градот достигнува 300 метри во најшироката своја точка и 30 метри во најтесните точки. Занимливо е и тоа што во Јанџин зградите се подигнати на столбови заради што пооптимална можност за заштита во случаите поплава.
Јанџин порано бил град од големо значење бидејќи имал фабрика за производство на сол, но таа е уништена во земјотрес во 2006 година.
Според последниот попис на населението во 2002 година, градот има околу 360.000 жители, а во подрачјето, меѓу другите народности, живее и народот Бо, кој се смета за антички народ.
Овој град е тежок за сообраќај, и иако со векови движењето се одвивало само по реката, современиот кинески инженеринг го олесни сѐ тоа, со помош на високи мостови и со тунели. Така, со својата необична инфраструктура и урбанизам, „Најтесниот град“ секоја година привлекува сѐ повеќе туристи.