Чешкиот тенисер Јиржи Лехечка се пласираше во четвртфиналето на АТП Мастерсот во Мадрид победувајќи го Рафаел Надал со 7:5, 6:4.
Лехечка во следното коло ќе игра против рускиот тенисер Данило Медведев.
Чехот сервираше извонредно во текот на целиот меч, а Надал својата шанса ја бараше на вториот сервис на 30. тенисер во светот.
Организаторите на турнирот му оддадоа посебна чест на крајот од мечот на поразениот Надал, а не недостигаше и поддршка од домашната публика.
Расплаканото семејство на петкратниот победник на овој турнир, како и видно емотивниот Рафа, го следеа настанот организиран од организаторите во чест на Надал.
Тој претходно најави дека одлуката за понатамошното натпреварување може да зависи од неговиот настап во Мадрид (посебно внимание беше насочено на претстојниот Ролан Гарос), каде „Кралот од земја“ се етаблираше како неприкосновен шампион.