ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри

May 7, 2024 14:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Има промени во цените на житото на светските берзи, но засега, барем најмалку 1,5 до два месеца, цената на лебот и на останатите основни прехрабени производи во земјава нема да се промени, велат пекарите. Според нив, по месец-два повторно ќе се прави анализа со оглед на руско-украинскиот конфликт и турбуленциите на Блискиот Исток, како и поради поскапувањето на нафтата кое може да значи потенцијална повисока цена на суровините во прехранбената и општо, во целата индустрија.

Како што оценува Агро-бизнис комората на Сојузот на стопански комори (ССК), многу поголем проблем од цената на лебот во моментов е ликвидноста на компаниите и одливот на работна сила во секторот.

– Стигнаа информации од големите производители како Украина и Русија дека таму не се знае како ќе се одвиваат жетвите поради воените дејства, што влијае врз берзата. ФАО истакна некој процент на зголемување на цената на житото. Тоа, сепак, е незначително и ние, како Агробизнис комора, тврдиме дека во наредниот период ќе има стабилност на цената на прехранбените производи, барем во сегментот на основни производи како житото, пекарските производи. Големиот притисок што го имаме е од друга природа и трае најмалку една година. Се работи за големиот одлив на човечките ресурси во западните и туристичките земји како Грција и Хрватска. Проблем е и ликвидноста на компаниите кои се соочуваат со недостиг на финансии, истакна Горан Ѓорѓиевски од Агро-бизнис комората, одговорајќи на новинарски прашања пред тркалезна маса за зелени иновации.

Тој укажа и на високите каматни стапки. Банките, рече, тешко одобруваат кредити и тешко овозможуваат пристап до финансии со соодветно ниска цена.

-Тука би ги насочил проблемите. Повеќе притисок се чувствува од страна на недостигот на човечки ресурси, имавме и покачување на минималната плата. Сето тоа се одразува таму, компаниите да имаат повеќе трошоци за тоа, отколку во однос на цените на суровините кои во овој момент имаат стабилна вредност, напомена Ѓорѓиевски.

И на 23 април, на друг настан што го организираше ССК, Ѓорѓиевски тврдеше дека лебот нема да поскапи и дека неговата цена е стабилна.

Next Post

Ванхојте ќе биде олеснувач за уставните измени кои треба да ѝ го отворат патот на земјава  во ЕУ

НАЈНОВО

Димитриеска-Кочоска: Зголемување на пензиите се очекува и следната година

October 28, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Брендан Роџерс поднесе оставка на клупата на Селтик

October 28, 2025
Фото: МИА

Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk