ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во највисокиот суд на ОН почнува рочиштето за израелскиот воен упад во Рафах

May 16, 2024 12:55
in ДЕНЕС, СВЕТ
фото: ЕПА

фото: ЕПА

Во највисокиот суд на ОН денеска почнува дводневно рочиште за барањето на Јужна Африка да се запре воената операција во градот Рафах на југот на Појасот Газа, каде што повеќе од половина од жителите на палестинската територија се засолниле од конфликтот.

Јужна Африка побара од Меѓународниот суд на правдата (МКС) по четврти пат да нареди итни мерки откако земјата започна судење поради наводите дека воените дејствија на Израел во војната против Хамас се граничат со геноцид.

Израел тврди дека Рафах е последното упориште на екстремистичката група Хамас и ги отфрла предупредувањата од САД и другите сојузници дека голема операција во градот би била погубна за цивилите.

Јужна Африка побара од судот да му нареди на Израел да се повлече од Рафах, да преземе мерки за да обезбеди непречен пристап на службениците на ОН, хуманитарните организации и новинарите до Појасот Газа и да поднесе извештај во рок од една недела за тоа како се исполнуваат тие барања.

На претходните сослушувања, Израел негираше геноцид во Газа и тврдеше дека прави сè за да ги поштеди цивилите, а дека цели само на екстремистите на Хамас, чија тактика е да се кријат во цивилни области, што го отежнува избегнувањето на цивилни жртви.

Во јануари, судиите му наредија на Израел да стори сé што може за да спречи смрт, уништување и сите акти на геноцид во Газа, но судскиот совет не нареди прекин на воената офанзива што ја опустоши малата енклава.

Next Post

Во Словачка по атентатот на премиерот, повици за прекин на говорот на омраза

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk