ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Одржан концертот на Добрила и Дориан во Тирана

May 24, 2024 17:05
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Тиранчаните, сакаат да слушнат нешто кое  е ново, оригинално, уметноста да има врска со земјата од каде што доаѓаат вашите артисти. Затоа многу ни остави впечаток настапот на Добрила и Дориан, гледате колку е публиката задоволна. Знаете, ние добро ја познаваме класичната музика, Италија е наш сосед, затоа бараме нешто друго, нешто посебно. После завршување на концертот од Добрила и Дориан дуо, ова беше коментарот на почитуваниот и познат албански композитор, господинот Fatos Qerimaj, долгогодишен професор на музичката академија во Тирана.

Добрила и Дориан дуо вчеравечер за првпат настапија во Тирана и оставија одличен впечаток. Нивната музика се потпира на она што се македонски традиционални мотиви, меѓутоа храбро одат и подалеку од тоа. Ослободувајќи се од стапицата да повторуваат традиционални мотиви, Добрила и Дорина се впуштаат во река од импровизации, користејки електроника, лупови и различни стилови. Сето тоа делува хипнотички врз публиката. Концерт беше мирен, медитативен, нежен, дурски лиричен, музиката остави некој талог на филмско чувство меѓу луѓето. Големо изненадување.

Ако направиме мала паралела, нивниот настап потсети на еден брилијантен концерт од Јан Гарбарек и Еберхард Вебер, пред многу години на Скопскиот џез фестивал, меѓутоа само како блага асоцијација.

Директорката на Cloud festival, госпоѓата Едит Пула, веднаш по завршувањето на концертот, напиша коментар со големи комплименти, дека овој концерт е нешто најдобро што се случило годинава на овој фестивал.


Културно информативниот центар во Тирана, изминативе 20 дена имаше шест настани, каде се претставија 70 наши уметници. Во припрема е сликарска изложба која заеднички ќе биде подготвена од нашата Национална галерија и нашиот Киц во Тирана.

Tags: Добрила ГрашескаДорианКонцертМакедонски КИЦ ТиранаТирана
Next Post

Стано: ЕУ не е членка на ОН, не можеме да коментираме за поединечното гласање на државите за резолуцијата за Сребреница

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk