ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кинотеката во јуни стартува со летната сезона и проекција на филмот „Лена и Владимир“ од Игор Алексов

May 28, 2024 10:00
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во јуни, месецот на липите, Кинотеката подготвува кино – програма, со, како што најавува, опојни квалитети. Во овој прв месец на летото, вообичаено проекциите се селат на отворено во летното кино „Мирно лето“.

Во програмскиот центар се пробија неколку содржини – проекции на филмови со музички сензибилитет, веќе редовниот Филозофски филмски фестивал, ревија на португалскиот филм претежно од седумдесеттите години на минатиот век, како и јубилејни проекции по повод стогодишнината од раѓањето на легендарниот и ненадминат американски актер Марлон Брандо.

Програмскиот караван започнува со уште една проекција на македонскиот филм „Лена и Владимир“, по сценарио на Александар Русјаков, а во режија на Игор Алексов.

Она што особено ќе го привлече вниманието на кино-сладокусците се премиерните проекции на новиот филм на Софија Копола, биографскиот „Присила“. Филмот, базиран на мемоарите на Присила Присли – Елвис и јас, се нурнува длабоко во комплексноста на нивната врска, претставувајќи наратив што е и интимен и рефлективен.

Филмофилите ќе можат да ги видат уште еднаш, но овојпат на големото платно, музичките и рекламните спотови на нашиот – а светски квалитетен – филмски автор Милчо Манчевски.

-Музичките спотови на Манчевски не се само визуелно импресивни, туку и симболично богати. Тој успева да раскаже сложени приказни во краток временски формат, користејќи симболи и метафори кои ги прошируваат значењата на песните. Неговите спотови често ги истражуваат темите на љубовта, загубата, надежта и човечката природа, нудејќи длабоки емоционални искуства за гледачите. Со иновативни визуелни решенија, богата симболика и внимателна монтажа, Манчевски создава спотови што остануваат во меморијата на гледачите долго по завршувањето на песната. Токму затоа овие кратки форми се здобија со повеќе награди кај нас и во светот, наведуваат од Кинотеката.

Концептуално, се продолжува со филмот „Д Хип-Браинсторм“, во режија на нашиот познат музички документарист и филмски критичар Јане Алтипармаков. Ова ќе биде всушност круна на 30-годишнината од издавањето на култната музичка касета креирана од кумановските алтернативци Д Хип. Долгометражниот музичко – филмски проект е почестен со специјалната награда за музички филм од иницијативата МАН-Македонски алтернативни награди.

На ред е речиси тотален пресврт, но не сметано на квалитет туку на содржина и сензибилитет. Станува збор за годинашново издание на „Филозофскиот филмски фестивал“.

Овој фестивал ќе го карактеризираат и филмовите во коишто, малку е да се рече главен лик,  доминира филмската актерска легенда Марлон Брандо. Неговото специфично, артистичко умеење ќе ги зашемети гледачите. Филмовите се по повод стогодишнината од раѓањето на великанот Брандо, и се проектираат во оригинален, 35 мм формат.

Во дигитален формат е понудата на неколку филмови од португалската кинематографија. Станува збор за ремастерирани копии на општествено ангажираните, неколку децении стари филмски творби. Ова е несекојдневна прилика да се видат вакви филмови, што бездруго ѝ е потребно на нашата кино публика. Потребно е да се проследат и делата на кинематографиите кои не ни се многу познати, како што е словачката.

На самиот крај на јуни, повторно музички креации во филмско пакување. Тие се во рамките на овогодинешното издание на фестивалот „Скопје синема сити“.

-Така, во месецот на липите, Кинотека ги спои разните форми на филмови со неибришлив квалитет, кои ќе бидат посакани пак да бидат видени. Тоа е нормално, добра клима, опоен мирис, опојни дела и овој јуни ќе биде раскажуван, не само меѓу љубителите на филмот, порачуваат од Кинотеката.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Кинотекалетно кино
Next Post

Собрани 7,5 милијарди евра за сириските бегалци на меѓународната донаторска конференција во Брисел

НАЈНОВО

Бајден и Клинтон го пофалија Трамп за мировниот договор во Газа

October 14, 2025

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа

October 14, 2025

Шукова: Старата скопска чаршија мора да биде срцето на современо, зелено и европско Скопје

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спалети го состави својот ол-стар тим од најдобрите играчи што ги тренирал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk