ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ започна постапка за избор на нов претседател, изборите на 30 јуни, конгрес на 9 јуни

May 31, 2024 13:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Во СДСМ денеска почнува постапката за вонредни внатрепартиски избори за нов претседател на партијата. За 9 јуни, недела, е закажан Конгресот на која ќе се анализираат причините за изборниот резултат, а Централниот одбор на партијата предложил и измени на Статутот на партијата за мандатот на претседателот избран на вонредни внатрепартиски избори да биде четири години.

Официјално досега нема пријавени, но за неколкумина членови на партијата се знае дека би можеле да се кандидираат. Славјанка Петровска, пратеничка и министерка за одбрана потврди дека ќе се кандидира за претседател, а такви амбиции во јавноста покажа и Стефан Богоев, актуелен директор на Царинската управа, но тој не потврди дека ќе се кандидира. Потенцијални кандидати би можеле да бидат и Јово Деспотовски, директор на ТИРЗ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче.

СДСМ денеска соопшти дека Централниот одбор на патијата на вчерашната седница усвоил Правилник за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател за вонредните избори, како и Правилникот за начинот и постапката за активна регистрација за членови на СДСМ.

Врз основа на Статутот на СДСМ, одлуките на Централниот одбор и одлуката на Извршниот одбор, од денеска СДСМ објавува Отворен повик за самокандидирање на сите заинтересирани кандидати за претседател на партијата.

-Постапката за кандидирање започнува од 31.05.2024 и ќе трае седум дена, до 06.06.2024 година.  Право на кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите и високите вредносни, морални и етички норми. За кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ кој најмалку еднаш бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата, се наведува во соопштението од СДСМ.

Вонредните внатрепартиски избори ќе се одржат на 30 јуни.

Деталите околу постапката, правиникот и критерумите се содржани во Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на СДСМ.

Сите документи од денеска ќе бидат јавно достапни на официјалната интернет страница на партијата (www.sdsm.org.mk).

Изборите ќе ги спроведе Централна изборна комисија заедно со 80 општински изборни комисии и Одбори на избирачки места на локално ниво.

Можност за гласање ќе имаат сите членови на СДСМ кои активно ќе се регистрираат.

Периодот за активната регистрација e зголемен и изнесува 20 дена. Членовите ќе можат активно да се регистрираат преку две опции, преку онлајн алатката за активна регистрација што ќе биде достапна на интернет страницата на СДСМ во понеделник (03.06.2024) или втората опција преку општинските организации на СДСМ.

Next Post

Јапонскиот амбасадор отвори изложба на јапонски дела во Неготино

НАЈНОВО

Струшките вечери на поезијата – 64 години животворна мисија на зближување на културите и народите од сите меридијани

August 20, 2025

МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

August 20, 2025

Митева: Од осумте наследени арбитражни спорови, Владата заврши три со 516 милиони евра заштеди во Буџетот

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk