Екипата на Вардар го освои првото место во финалниот меч од М-18 лигата во кошарка. Во финалето кое се одигра во спортската сала „Методи Митевски – Брицо” во Делчево „вардарки“ беа убедливи против домаќинот на турнирот, екипата на Патриот 2016, со резултат (79:52). Победата во ниту еден момент не беше доведена во прашања имајки предвид дека Вардарки од четвртина во четвртина ја зголемуваа разликата, со што на крај славеа со 27 поени разлика.
-Секоја чест за организаторот на турнирот, ние покажавме дека тоа што го работиме цела сезона дава резултат. Имаме одличен стручен тим, девојки кои се залагаат и работат и тоа е резултат на сето тоа, рече тренерот на победничкиот тим Јасмина Герасимовска Николиќ.
Титулата најкорисен играч на турнирот и припадна на кошаркарката на Вардар, Јана Пислевска, која реализираше дабл-дабл ефект.