ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Случај Мирчевски, Канал 5: Груба инструментализација на телевизијата, притисок врз судот, едностраност, говор на омраза и лажни наративи

June 4, 2024 14:38
in ДЕНЕС, СПОРТ

Пишува: ДЕХРАН МУРАТОВ

Манипулативен прилог на Канал 5 во обид да се врши притисок врз судот, веднаш по завршување на судското рочиште по тужбата на Канал 5 и управителот Иван Мирчевски против Џабир Дерала и ЦИВИЛ на 17 мај 2024 година. По завршување на судското рочиште на кое сведочеа Исмет Рамадани и новинарот Алаксандар Видиновски, пред судот изјави дадоа адвокатот на Канал 5 во постапката, Даниел Ѓеорѓиевски, директорот Мирчевски и новинарот Видиновски. Но затоа ТВ камерата не пропушти да го зумира тужениот, без притоа да му побара изјава.

Во судница тужат, а надвор од неа и му пресудуваат на Џабир Дерала!

Како тоа? Нормално, во знак на „професионалното новинарство и слободата на изразување“ новинарот на Канал 5 не побара изјава од Дерала, Рамадани и адвокатката Сандра Гавриловска, туку само фатија неколку видео инсерти како излегуваат од судот. И… Си дадоа изјава самите на себе.

Се работи за чиста злоупотреба и инструментализација на целата телевизија за да се манипулира јавноста и да се изврши притисок врз судот, со еднострано, тенденциозно и манипулативно известување.  

Да потстетиме. Канал 5 и директорот Иван Мирчески, го тужат главниот уредник на медиумската платформа на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, за навреда, клевета и говор на омраза поради колумната со наслов „ИНЦИДЕНТ ВО „САМО ВИСТИНА“ НА КАНАЛ 5: Само уште една неславна епизода во дејствувањето на антидемократските инсталации. Колумната е е напишана по повод крајно непрофесионалниот, противзаконски и неетичен вербален напад од Мирчевски кон реномираниот интелектуалец и експерт Исмет Рамадани, при што грубо го избрка од студиото и ја прекина емисијата „Само вистина“.

„Александар Николовски те молам да ја прекинеш емисијата поради тоа што ова не личи на ништо“, нареди Мирчевски (9:10 – 9:16), меѓутоа остана дилемата дали со лапсусот што го направи мислеше на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ или на новинарот во студиото?

Дерала е тужен од Мирчевски бидејќи во текстот меѓудругото пишува:

„Незнаење, простотилак, грубијанство и насилништво се главните карактеристики на актот на директорот на ТВ Канал 5 кој изврши дрзок и непримерен упад во емисијата „Само вистина“ и буквално (!) го избрка гостинот од студиото – угледниот интелектуалец и експерт, Исмет Рамадани. Неговиот дивјачки и навредлив настап беше преполн со омраза и презир, а со флоскулите за меѓуетничките односи успеа само да ги открие своите длабоко националистички позиции.

Тоа е истата телевизија чиј газда му рече на шефот на вмровската пропагандна машинерија, Мартин Протуѓер, дека има намера да ја исклучи струјата во телевизијата, само за да не се емитува емисија што не е по мерката на режимот. Со тоа, газдата на Канал 5, да потсетиме, отиде подалеку дури и од шефот на агитпропот Протуѓер кој сугерираше „поблага“ диверзија – да се пушти емисијата, но со лош тон и со пречки.

Протагонистот на дивјачкиот напад на Рамадани е тој што во 2018 година, во име на телевизијата, се извини во име на телевизијата, правдајќи се дека било режим и дека му биле одземени ингеренциите (!?) за професионално и одговорно известување“, пишува Дерала.

Мирчевски (веднаш по колумната на Дерала објавена на 2 ноември 2023 година) на својот LinkedIn профил напиша: Ова ми е шести текст денес и веќе немем „сила“. Дури и Убавата Захариева не ме мотивирала како ботовите на власта. Еве уште еден текст за еден лик… се одѕива на име Дерала… Џабир Дерала… и ќе попие тужба од нас, заедно со неговиот ментор М.З.“.

Колку ли поттикнување говор на омраза и клевета има во оваа реченица: „Дури и Убавата Захариева не ме мотивирала како ботовите на власта“?

Бројни се примерите во кои Мирчевски го напаѓа Џабир Дерала со чисти лаги и клевети, но и закани и поттикнување говор на омраза.

Мирчевски изгледа како да е опседнат со Дерала. 

На пример:

„Џабир Дерала, дали си свесен дека поддржуваш замолчување на професионалното новинарство кое според Устав е загарантирано? Се гледаме на суд…“

Дека таквиот начин на комуникација во јавноста со кој Мирчевски кој го инструментализира Фејсбук профилот на телевизијата во која е директор, поттикнува говор на омраза, кажува и следниот пример:

„Дамир (мисли на Џабир, но за писменоста не коментираме) ќе им се фатите на и на новинарот и на директорот копилиња ни едни шиптарски“, коментира извесен профил „Тања Костовска“.

„Мислам дека треба Џабир да го викнете во Само вистина“, пишува  профилот „Васко Курајчи Јосифовски“, по што некој (може лесно да се погоди кој) во името на Канал 5 (!) му реплицира:

„Јас ги барам и него и ЗНМ и другите „лижавчиња„ да се појават со мене каде сакаат… ама бегаат. Еве Канал 77 ме викаат, ама сето кукавици. Ку ку, ку ку… и оној Арсим Зеколи. Сите до еден… ама ништо од „лижавчињата“.

Во моментов е недостапна оваа Фејсбук објава на Канал 5 во која имаше стотици коментари со говор на омраза по етничка основа.

Прилогот на Канал 5 за тужбата против Џабир Дерала и ЦИВИЛ, на социјалните мрежи предизвика говор на омраза, лаги и клевети.

Извесен профил мОрбан на Х го објави прилогот на Канал 5 додавајќи коментар: „Повеќекратно осудуваниот креатор на лажни вести и сдсмовска перјаница Џабир Мемеди, кој во јавноста лажно се претставува како Дерала – борец за вистина и човекови права, се соочува со мирисот на ходниците за правда. На удар е и пералната на пари и печуркара на портали наречена Цивил“.

По оваа објава следат низа коментари со говор на омраза и закани.

Ова е само еден мал дел од кампањата што ја води директорот на ТВ Канал 5, Иван Мирчевски против Џабир Дерала, со лаги, клевети, говор на омраза и закани, злоупотребувајќи ја притоа и целата телевизија и дел од вработените, а најмногу од сè – ја манипулира јавноста и врши притисок врз судот.

Преземено: Цивил Медиа

Next Post

Осомничениот за убиството на Данка Илиќ во обвинителството негираше вина

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk