ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Гир: Со нетрпение очекуваме што поскоро да се формира стабилна влада

June 5, 2024 18:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Не би било соодветно за мене како амбасадор на Европската унија да дебатирам и коментирам за внатрешни домашни политички случувања во земјава. Ова беше одговорот на амбасадорот на Европската унија во Република Северна Македонија Дејвид Гир на новинарско прашање како ја коментира декларацијата на коалицијата Европски фронт за етнички изборен легитимитет за која беше посочено дека ќе биде испратена до сите локални и меѓународни институции.

За политичките состојби во државата Дејвид Гир рече дека очекуваат скоро да се формира нова влада од која очекува да ги продолжи евроинтегративните процеси.

-Имавме меѓународна набљудувачка мисија за изборите тука во земјата, тие ги истакнаа прелиминарните заклучоци дека изборите се одржаа во демократска и мирна средина и атмосфера и се разбира го очекуваме нивниот завршен финален извештај за изборите. Со нетрпение очекуваме да се формира што е можно поскоро стабилна Влада којашто ќе ги преземе сите неопходни чекори за имплементација на сите реформи се со цел да ја донесе т.е зачлени земјата што е можно поскоро во Европската унија, рече Гир по денешното отворање на Европска куќа во Тетово.

Ќе соработуваме, дополни евроамбасадорот, со сите чинители кои ќе соработуваат за постигнување на целта за реализација на пристапниот процес на вашата земја колку што е можно поскоро.

-Се разбира ќе соработуваме со сите и очекуваме сите тие политички чинители кои ја изразија таа посветеност и таа заложба за време на изборниот процес да продолжат да го дадат тој придонес се со цел да го поддржат членството на вашата земја колку што е можно поскоро во рамките на Европската унија, изјави Гир.

Со повеќе активности во Тетово денеска се промовираше почеток на работа на Јуроп Хаус, која е седми таков објект во исто толку градови низ државата кои се отвораат од страна на Делегацијата на Европската унија во Скопје.

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Собранието за в петок закажа седница за законските измени за реорганизација на министерствата

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk