ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

MYKKI BLANCO, DZIPSII и Ивана Драгшиќ го отвораат Викендот на гордоста 2024

June 5, 2024 12:44
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Дванаесеттото издание на Викендот на гордоста – Скопје, кој ќе се одржи од 5 до 16 јуни на четири локации низ Скопје: Музејот на современа уметност, Станица 26, МКЦ и Театар Комедија. Викендот на гордоста е фестивал за квир култура, уметност и теорија што создава простор за промоција на ненормативните форми на светообразување, односно, на односите, афектите, идентитетските позиции, телесните стилови и сензибилитетите што од хетеронормативниот, националистички и неолиберален капиталистички контекст се обележани како квир, ексцентрични и неуспешни.

На 8 јуни во Станица 26, со почеток од 21:00 часот, ќе се одржи концерт на MYKKI BLANCO, меѓународно етаблиран музичар, перформанс уметник и ЛГБТК+ активист. Со овој концерт официјално ќе се отвори дванаесеттото издание на Викендот на гордоста – Скопје 2024. Покрај концертот на Бланко, вечерта свој настап во живо ќе има и балканскиот RnB крал DZIPSII, познат по неговата автентична музика со која секогаш остава јасен личен печат. По концертот ќе следува диџеј сет со домашната перформанс артистка, Ивана Драгшиќ, одгледана во подемот на скопските подиуми од доцните 90-ти прво како обожавателка, потоа како радиоводителка, па диџејка.

Тематот на фестивалот оваа година е ОСТАНУВАЈЌИ СО НЕЛАГОДНОСТА. Со оваа тема, ги истражуваме потенцијалите и формите на соживот, знаење, светотворење и општествена трансформација, кои може да произлезат од останувањето со нелагодноста, или неволјата, тешкотијата, проблемот, несоодветноста, неприкладноста, неугодноста, непријатноста, чудното, некомфорното – како нешто што го опишува живеењето во кризни времиња, каде се скршени и изгубени нашите хегемониски, традиционални и здраворазумски алатки за навигација на животот и секојдневието.

Цртежот кој го визуализира концептот на фестивалот е дело на македонската уметница Христина Иваноска, и е оригинално изработен за овогодинешното издание.

Фестивалот е во организација на Коалиција МАРГИНИ и ЛГБТИ Центарот за поддршка. Се реализира во партнерство со Медуза, ТрансФормА, Локомотива и Тииит! Инк., а благодарение на несебичната поддршка на Американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), Heinrich Böll Stiftung, Министерство за култура на Република Северна Македонија, Фондација Отворено Општество Македонија, Friedrich Ebert Stiftung, Француската амбасада во Скопје, Transgender Europe, и International Trans Fund.

Next Post

Мицкоски ги повика сите пратеници да ги поддржат измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk