Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ќе игра во група со Португалија, Франција и Словачка во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2025 година.
Ова е одлучено со денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион.
Македонските фудбалерки се најдоа во групата А2, а домаќин на квалификацискиот турнир ќе биде Португалија од 27 ноември до 3 декември.
Домаќин на ЕП ќе биде Полска во јуни идната година.
Пласман на завршниот турнир, покрај домаќинот, ќе обезбедат победниците во седумте квалификациски групи.