ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заврши едногодишното претседавање со ПСЈИЕ – Тирана како иден претседавач ќе продолжи да ја споделува европската визија за регионот

June 13, 2024 15:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Заврши едногодишното претседавање на Република Северна Македонија со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) под мотото „Премостувајќи Поделби, Градејќи Доверба”. Претседавачот на ПСЈИЕ и технички министер за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната прес-конференција, оцени дека земјава успешно го заврши своето претседавање со Процесот, постигнувајќи консензус за две важни прашања.

Османи информираше дека на денешниот Самит за позицијата на генерален секретар на Советот за регионална соработка е номиниран кандидатот на Сараево, Амир Капетановиќ.

– Успехот којшто го постигнавме со двете најбитни прашања ги надминаа дури и нашите очекувања. Постигнавме консензус и го номиниравме кандидатот на Сараево, Амир Капетановиќ, за позицијата на генерален секретар на Советот за регионална соработка и Комитетот на политички директори постигна консензус за декларацијата од скопскиот Самит, која што беше поддржана од министрите и понатаму ќе оди на усвојување од страна претставниците присутни на денешниот Самит. Би сакал да ве уверувам дека скопското претседаваштво остана целосно посветено на она што се чинеше како сизифовска задача, назначување на генерален секретар до крајот на нашето претседателство. Кандидатурите кои што беа претставени на отворениот повик беа извонредни, сите се покажаа достојни на задачата и имаа неверојатни квалификации, тоа ја направи нашата задача уште потешка, рече Османи.

Имајќи ги во предвид последните циклуси на проширување на ЕУ, Османи вели не постои алтернатива за пристапување кон Унијата. Додаде дека регионот треба да избере дипломатија наспроти насилство, како и да работи на градење на одржлив процес којшто ќе ја направи посилна европската архитектура.

– Не постои алтернатива за пристапување кон ЕУ, имајќи ги во предвид последните циклуси на проширување на Унијата, кои потврдуваат дека се подобрува стабилноста на земјите кои што пристапуваат. Од клучно значење е да ги удвоиме напорите и да ги комуницираме позитивните влијанија од проширувањето, како и спроведувањето на кредибилни реформи и добрососедството. Регионот треба да избере дипломатија наспроти насилство и да работи на градењето на одржлив процес којшто ќе ја направи посилна европската архитектура, рече Османи.

Заменик-министерката за надворешни работи на Република Албанија, Артемис Мало, денеска во име на албанската влада изрази уверување дека Тирана како иден претседавач со ПСЈИЕ, го препознава значењето на Процесот и ќе продолжи да ја споделува колективната визија за европска иднина на регионот.

– Во овој многу важен момент би сакала да ја реафирмирам политичката посветеност на Албанија кон преземањето на четвртото претседателство на Тирана на ПСИЈЕ, под мотото „Обликување на европската иднина“. Ќе останеме целосно посветени кон придонесот за зајакнување на регионалната соработка, зголемувањето на соработката и имплементацијата на заедничкиот регионален пазар. Препознавајќи го значењето на ПСЈИЕ во унапредувањето на регионалната соработка, промовирањето на економскиот раст и безбедносната инфраструктура и помагањето на процесот на европска интеграција, ние признаваме дека ПСЈИЕ го води патот кон помирување, доверба, градење безбедност и просперитет во регионот. Во име на Министерството за надворешни работи на Албанија и на албанската влада, дозволете ми да истакнам дека со споделување на нашата колективна визија за европската иднина на регионот и почитување на различноста и заедничките вредности на секој учесник во Процесот, уверени сме дека учесниците на ПСЈИЕ ќе продолжат да се стремат кон европските аспирации на ЕУ, рече Мало.

Tags: ПСЈИЕ
Next Post
Ерван Фуере (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ЕКСКЛУЗИВНО) Ерван Фуере за „Фронтлајн“: Oд витално значење за македонските партии e да изградат силен консензус за многу потребните реформи

НАЈНОВО

Габриела Илиевска од „Поинаку“ ќе се кандидира за градоначалничка на Битола

August 18, 2025

Утре локален пороен дожд, од среда до петок стабилно, за викендот повторно врнежи

August 18, 2025

Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk