ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

РКЕ ќе ја соопшти новата цена на електричната енергија, не се очекуваат ценовни шокови

June 27, 2024 09:51
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Регулаторната комисија за енергетика денеска на прес-конференција се очекува да ја соопшти новата цена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи која ќе важи од 1 јули. Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски вчера изјави дека ќе нема ценовен шок и оти просечната цена на електричната енергија за домаќинствата нема да биде зголемена повеќе од еден процент.

На тендерот што го распиша универзалниот снабдувач ЕВН Хоме беше прифатена цената од АД ЕСМ од 60 евра за мегават часови за покривање на 85 проценти од потребите, додека за останатите 15 проценти беа пристигнати три понуди, но ниту една не беше прифатена поради тоа што понудите биле повисоки од моменталните пазарни цени.

– Нема да има никакви ценовни шокови, се ќе биде во рамките на одредени минимални промени. Водевме особено внимание да нема ценовни шокови. Она што ни беше многу важно е оние 15 проценти што ЕВН Хоме требаше да ги набави на слободниот пазар на електрична енергија, ги тргнавме како трошок. ЕВН Хоме ќе обезбедува енергија и на македонската берза каде во одредени периоди во текот на денот има доста поволни цени така што тие 15 проценти кои правеа сериозен притисок на цената на електричната енергија, сега нема да бидат вкалкулирани како трошок, изјави вчера Бислимоски за централниот дневник на телевизија „Сител“.

И премиерот Христијан Мицкоски вчера во изјава за медиумите рече дека не очекува зголемување на цената на електричната енергија, посочувајќи дека се исполнети двата услова – донесени се дополнувањата на Законот за енергетика и универзалниот снабдувач ги оптимизирал количините за да не дојде до енормно зголемување на цената на струјата.

– Кога го поднесував дополнувањето на Законот за енергетика имав две пораки. Првата е пратениците час поскоро да го изгласаат ова дополнување, и тоа тие го сторија, и втората порака беше до компанијата која е универзален снабдувач, тоа е „ЕВН Хоум“, да ги оптимира количините за да не дојде до енормно зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата и за корисниците од универзалниот снабдувач. Она што го добив како информација е дека и двата услови се исполнети. Сега останува до Регулаторната комисија да одлучи, таа е независен орган, изјави Мицкоски.

Тој не се очекува да има зголемување за првата и втората категорија. – Според моето предзнаење во оваа област не очекувам да има зголемување за првата и втората категорија или тоа би било минимално, односно под еден отсто или вкупното зголемување да биде двојно помало од инфлацијата, односно да се движи од 0 до 1 отсто. Граѓаните да бидат спокојни, зголемување на цената на електричната енергија нема да има, откако овие два услови се усполнети, а тоа очекувам да го потврди Регулаторната комисија за енергетика, рече вчера Мицкоски.

Дополнувањата на Законот за енергетика беа донесени во понеделникот на пленарна седница. Со ова законско решение, според предлагачите, ќе се обезбеди сигурно, безбедно и континуирано снабдување со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: РКЕструјацена
Next Post

Највисоките претставници на ЕУ го осудија обидот за државен удар во Боливија: „Ние стоиме зад демократијата“

НАЈНОВО

ВИ

Мета наскоро ќе ги користи вашите разговори со нејзиниот АИ четбот за да ви продава работи

October 2, 2025
Скриншот

Двајца мртви во напад врз синагога во Манчестер, се верува дека осомничениот е убиен

October 2, 2025

Министерство за образование на Србија: МВР изврши проверки во дел од училиштата, дојавите за бомби се лажни

October 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Минималната плата во Албанија ќе биде 520 евра, за Мицкоски и 400 евра биле многу

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реџепи, Лимани и Османи со јасна предност – две победи во прв круг, една во вториот круг на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Холивуд со жестоки реакции за „актерката“ создадена со вештачка интелигенција Тили Норвуд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандалозна изјава на Орбан: Украина „не е суверена држава“ и членството во ЕУ би ја вовлекло Унијата во војна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ацевски: Загадувањето во Ѓорче не може да се реши со изградба на хемиски фабрики во центарот на општината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk