Вулканот Етна на Сицилија вечерва еруптираше исфрлајќи лава и густ чад, но нема големи облаци од пепел над италијанскиот медитерански остров.
Засега нема информации за предизвикана штета од ерупцијата на вулканот.
Етна е еден од најактивните вулкани во светот, а посебно е активен кај југоисточниот кратер. Исто така е најголем активен вулкан во Европа со висина од околу 330 метри.