Вулканот Етна еруптираше синоќа, исфрлајќи лава и облак од пепел и чад висок околу пет километри.
Облакот од чад и пепел од Етна се движи во правец исток-југоисток, објави Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ), пренесува агенцијата АНСА.
ИНГВ наведува дека активноста на Етна, која директно се следи од опсерваторијата во Катанија, се намалува.
Етна исфрлаше лава и пепел и на 4 јули, а аеродромот во италијанскиот град Катанија на 5 јули беше затворен неколку часа поради големото количество пепел што се појави од активноста на вулканот.
Камера во живо од вулканот етна: