ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Списокот на демократски конгресмени кои повикаа Бајден да се откаже од изборите се зголемува

July 12, 2024 22:56
in ДЕНЕС, СВЕТ

Претседателот на САД Џо Бајден се соочува со растечки сомнежи за тоа дали поради одминатата возраст е доволно кадарен да продолжи со кандидатурата за негов реизбор кои што доаѓаат не само од опонентите туку и од низа истакнати членови од неговата партија.

„Вашингтон пост“ објави список на демократски конгресмени, сенатори и членови на Претставничкиот дом, кои јавно го повикаа Бајден да ја напушти трката. Од 2 јули кога се слушна првиот демократски глас против неговата кандидатура, односно само недела дена по неуспешната дебата со неговиот соперник, експретседателот Доналд Трамп, во списокот до денеска се најдоа вкупно 21 конгресен демократ.

Во него, меѓу другите, се пратениците Џери Надлер од Њујорк, Адам Смит од Вашингтон, Британи Петерсон од Колорадо, како и сенаторот Питер Велч од Вермонт. Сите тие изјавија дека не веруваат дека Бајден може да го победи Трамп на изборите закажани есенва и се загрижени дека неговата кампања може да резултира со тоа демократите да ја изгубат контролата на двата дома на американскиот Конгрес.

Лидерите ја примија загриженоста што доаѓа од партијата и во меѓувреме побарале прием во Белата куќа на кој синоќа бил Хаким Џефрис, лидерот на малцинството во Долниот дом. За оваа средба Џефрис откри денеска во писмо до своите колеги во кое се вели дека тоа било шанса најистакнатите демократи во Претставничкиот дом да ја изразат загриженоста на партијата.

– Во изминатите неколку денови демократите од Претставничкиот дом извршија продлабочени и долги дискусии за иднината на нашата земја, во време кога се загрозени слободата, демократијата и економската благосостојба на Американците, изјави Џефрис.

Тој истакна дека разговорот со претседателот бил искрен и отворен.

Средбата се случила веднаш по големиот прес брифинг на Бајден по повод завршувањето на самитот на НАТО во Вашингтон, на кој ја изрази одлучноста дека не истапува од кандидатурата и дека останува во трката „да ја заврши работата“ започната во 2021 година.

– Верувам дека сум најдобро квалификуван да владеам. И мислам дека сум квалификуван да победам. Можеби постојат други луѓе кои можат да го победат Трамп. Но, ужасно е тешко да се започне од нула, кажа Бајден синоќа.

На пресот тој рече дека ако еднаш го победил Трамп тоа може да го повтори.

Претходно денеска, холивудските сценаристи Ајалет Валдман и Дејмон Линделоф им се придружија на други познати личности, вклучувајќи ги Џорџ Клуни, Мајкл Даглас и Абигејл Дизни во повикот Бајден да се откаже.

Поврзано: 

(ВИДЕО) Прес-конференција на Бајден на НАТО самитот: Елоквентен, но на моменти со гафови и тешкотии при говорот

Tags: БајденизбориСАД
Next Post

Високи темепратури, до крајот на следната недела портокалова фаза

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk