ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Американска приказна“ – концерт на оркестарот ФАМЕ’С со виолинистката Ирина Мурешану

July 22, 2024 09:35
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на фестивалот  „Скопско лето“, вечер од 20:30 часот во Сули ан концерт ќе одржи ФАМЕ’С Институт оркестарот насловен „Американска приказна“ на кој солистка ќе биде американската виолинистка со романско потекло Ирина Мурешану. Ќе бидат изведени популарни класични дела од американски композитори под водство на диригентот Скот Флавин од САД.

Како што најави организаторот на фестивалот, Дирекцијата за култура и уметност-Скопје (ДКУС), меѓу делата кои ќе бидат изведени на концертот се и  „West Side Story“ од Бернштајн, во верзија за виолина и оркестар, и „Appalachian Spring“ од Копланд, како и популарни композиции од Скот Џоплин и Хенри Манцини.

-Овој концерт ќе биде заокружување на летната сесија на оркестарските курсеви во рамките на ФАМЕ’С  – европски окрестарски изведувачки институт кој претставува музички образовен центар создаден во рамките на компанијата ФАМЕ’С  која се занимава со професионално снимање и продукција на музика. Институтот претставува уникатна платформа за професионална музичка едукација, размена на искуства и креативност, наменет за млади талентирани инструменталисти од Европа, во полето на оркестарската музика, како дел од програмата за Паневропски културни ентитети, соопшти ДКУС.

Диригентот Скот Флавин е музичар со сестрана кариера и диригира со различни оркестри во САД и ЕУ. Неодамна е назначен за постојан диригент за престижниот оркестар Symphony of the Americas. Тој е и постојан диригент на орекстарот на Хенри Манцини институтот и настапува со повеќе уметници. Професор е на Eastern Music Festival, каде што предава заедно со познатиот диригент Џерард Шварц.

За виолинистката од САД со романско потекло Ирина Мурешану, која ќе биде солист на вечерашниот концерт, ДКУС посочува дека е подеднакво барана на двете страни на Атлантикот, настапувајќи низ САД, Канада, Карибите, Европа, Азија и Јужна Африка. Таа е  активен камерен музичар и солист и е член на Бостонското трио. Вонреден професор е на Факултетот за музика и придружниот факултет на Институтот за напредни компјутерски студии на Универзитетот во Мериленд, факултетите на Бостонскиот конзерваториум во Беркли и на музичките катедри на Харвард и МИТ.

-Таа има престижна диплома за уметник и доктор по музички науки од Конзерваториумот Њу Ингланд, каде студирала со легендарната француска виолинистка Мишел Оклер… Ирина Мурешану цврсто се етаблира како вешт уметник за снимање музика, а нејзините авантуристички програми и тематски концепти ја дефинираат како солист и камерен музичар. Лауреат и добитник на врвни награди на неколку престижни меѓународни натпревари за виолина… Сезоната 2023-2024 на г-ѓа Мурешану, покрај настапите во Франција, Србија, Кајманските Острови, Молдавија, голем број фестивали во Соединетите Држави, ја вклучува и Македонија, и тоа со неколку концерти, наведува организаторот на „Скопско лето“.

Next Post

Надал: Олимпијадата е најважниот спортски настан, се надевам дека ќе ја најдам потребната енергија

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

November 4, 2025
Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk