Сицилијанските власти денеска забележаа ново зголемување на активноста на вулканот Етна, а поради испуштање вулканска пепел затворен е и аеродромот во Катанија.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, прекинот на полетувањата и слетувањата доведе до откажување и пренасочување на летовите, а операциите на аеродромот ќе продолжат откако ќе заврши отстранувањето на пепелта од инфраструктурата.
Еруптивната активност се уште е во тек, а Националниот институт за геофизика и вулканологија во Катанија го снимил тресењето на каналот на магмата, што доведува до силни удари, пренесува Кориере дела сера.