Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, би можеле да играат еден против друг во второто коло на олимпискиот турнир во Париз, пренесува српски Спорт клуб.
За да стигне до тениската класика, Новак во првото коло треба да го совлада Австралиецот Ебден, додека Надал на стартот ќе ги одмери силите со Мартон Фучовиќ.
Доколку ги мине првите две кола според предвидената ждрепка на Ѓоковиќ, кој е поставен за прв носител, би го чекал домашниот адут Артур Филс, додека во четвртфиналето би му припаднал на осмиот носител Стефанос Циципас.
#Paris2024 Singles draws: pic.twitter.com/ErfIuZZst1
— José Morgado (@josemorgado) July 25, 2024
Потенцијален ривал на Ѓоковиќ во полуфиналето би можел да биде актуелниот олимписки шампион Александар Зверев.
Поради болест, Синер нема да настапи на Олимписките игри
Светскиот рекет број 1, Јаник Синер (Италија) нема да учествува на Олимписките игри во Париз. Ова го објави самиот тој на социјалната мрежа Х.
Причината за неговата одлука е тоа што боледува од тешко воспаление на крајниците.
-Со големо разочарување морам да соопштам дека, за жал, нема да можам да учествувам на Олимписките игри во Париз. По добра недела тренинзи, почнав да се чувствувам полошо. Докторот откри дека имам тонзилитис и ме советуваше да не играм, напиша Синер.
Пропуштањето на Игрите, продолжи тој, е големо разочарување бидејќи тие биле една од неговите главни цели за сезоната.
-Среќно за сите италијански спортисти за кои ќе навивам од дома, додаде тој.
Синер требаше да се натпреварува во сингл и во двојки.
Тенискиот турнир на Олимпијадата во Париз ќе се одржи од 27 јули до 4 август.