ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Макрон им се додворува на водечките странски бизнисмени по политичкиот хаос во Франција

July 26, 2024 13:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

На шест недели откако го распушти парламентот и ја втурна Франција во политички хаос, Емануел Макрон се обиде да увери 40 од највлијателните бизнисмени во светот дека неговата земја останува добра инвестиција.

Во четвртокот, гости на  ручек во Елисејската палата во беа Илон Маск од Тесла, Џејмс Квинси од Кока-Кола, Брајан Чески од Airbnb, Нил Мохан од YouTube и Дејвид Рикс од Ели Лили, пренесува Гардијан.

На ручекот присуствуваа и Џо Цаи од Alibaba, Shou Zi Chew од TikTok, Aditya и Lakshmi Mittal од ArcelorMittal и Lee Jae-yong од Samsung, како и Бернард Арно од LVMH.

Макрон оваа недела рече дека владата во заминување ќе остане во службена должност до крајот на Олимпијадата и дека партиите ќе мора да направат компромис доколку се појави стабилно мнозинство способно да усвои буџет и ново законодавство.

Советник на Макрон, посочи дека овој настан ќе биде малку посебен, по политичките настани во изминатите неколку недели.

„Целта ќе биде главно да им се објаснат на странските извршни директори активностите на претседателот, особено распуштањето.

„За странските инвеститори важна е политиката што се спроведува, континуитет и стабилност, обезбедување сигурност. Претседателот (Макрон), ќе се обиде да ги увери извршните директори кои присуствуваат за изборите што ги направил“, појасни советникот на францускиот претседател.

Центристичкиот, про-бизнис табор на Макрон постојано предупредуваше за време на изборите дека победата или на РН или на Новиот народен фронт, доминирана од радикалната левица France Unpowed (LFI), ќе ѝ наштети на економската стабилност на Франција и ќе ги одврати странските директни инвестиции.

Двете групи планираат значително да ја зголемат јавната потрошувачка, вклучително и зголемување на минималната плата и да ги зголемат корпоративните даноци. Под водство на Макрон, Франција е на врвот во европската лига за директни странски инвестиции (СДИ) пет години по ред, пред Германија и Велика Британија.

На почетокот на оваа година. пред неговиот годишен самит „Избери Франција“, кабинетот на претседателот објави 15 милијарди евра нови странски инвестиции во 56 проекти, вклучително и 4 милијарди евра од Мајкрософт, 1,2 милијарди евра од Амазон и по 1 милијарда евра од Pfizer и AstraZeneca.

Макрон свика предвремени избори на 9-ти јуни, откако претрпе понижувачки пораз на европските парламентарни избори од екстремно десничарскиот Национален собир (РН) на Марин Ле Пен, а деловните лидери „очигледно посветуваат големо внимание“ на неизвесноста што следи, изјави претставник на Елисеј.

РН победи во првиот круг од предвремените општи избори во Франција, но „републиканскиот фронт“ и масовното тактичко гласање го вратија парламентот во кој доминираа три големи блока, ниту еден со ни приближно 289 места потребни за формирање влада.

Д. Т. / Цивил Медиа

Next Post

Лидерите на Австралија, Нов Зеланд и Канада повикаа на итен прекин на огнот во Појасот Газа

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk