Второто тренажно пливање на триатлонците на Олимпијадата во Париз е откажано поради нечиста вода во Сена, објави прес-службата на организацискиот одбор на Игрите.
Пливачкиот дел од триатлон требаше да се одржи во понеделник, 29 јули. Сепак, олимпискиот организациски комитет, Меѓународната триатлон федерација и локалните власти сметаа дека нивото на квалитетот на водата не дава доволно гаранции.
Ден претходно организаторите донесоа слична одлука.
– Тренингот за триатлон во Сена е откажан. Реката е загадена поради дождовите, стоеше во соопштението.
Пливањето во Сена е забрането од 1923 година. Ѓубре, токсичен отпад и отпадни води се фрлаат во реката со децении.
Олимписките игри во Париз започнаа на 26 јули, а ќе завршат на 11 август.