Првиот носител Новак Ѓоковиќ и осмиот фаворит Стефанос Циципас ја формираа првата двојка за четвртфиналната фаза на Олимписките игри во Париз.
Ова е епилогот по првите два денешни натпревари на тенискиот олимписки турнир.
Србинот беше поуспешен од Доминик Кефер од Германија со 7:5 и 6:3.
Грчкиот тенисер славеше победа над Себастијан баез од Аргентина со 7:5 и 6:1.
Мечот Ѓоковиќ – Циципас е закажан за утре.