Пан Жанле од Кина го собори сопствениот светски рекорд на патот кон победата на 100 метри слободно за мажи, завршувајќи за 46,40 секунди за првиот пливачки златен медал за неговата земја на Олимписките игри во Париз.
Деветнаесет годишниот кинески пливач го надмина својот рекорд од 46,80 поставен во февруари на Светското првенство во Доха.
„Тоа беше магичен момент, навистина магичен“, рече Пан. „Рекордот не беше само за кинескиот тим, туку и за светот“, рече тој.
Во можеби најжестоката трка во пливањето, 19-годишниот Пан го победи Кајл Чалмерс од Австралија, кој постигна 47,48 за сребрен и романскиот Давид Поповичи бронзен медал со време 47,49.
Ниту еден светски рекорд не беше соборен во првите четири дена во базенот на Игрите во Париз.
Чалмерс освои злато на 100 слободни на Игрите во Рио де Жанеиро во 2016 година и сребрен медал пред три години во Токио зад Американецот Келеб Дресел. Дресел овој пат не се квалификуваше.
Ј. Ѓ.