Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ освои златен медал на Олимпијадата во Париз.
Во меч од два сета, кои се играа во два тај брејка 7:6(7:3), 7:6(7:2), за два часа и 52 минути , Новак Ѓоковиќ во финалето го совлада шпанецот Карлос Алкараз и го освои првиот златен медал во тенис на Олимпијадите за Србија.
Новак Ѓоковиќ со тоа стана само вториот тенисер, по Андре Агаси, кој во својата кариера ги освои сите големи тениски титули, сите четири грен-слема, финални мастерси, Дејвис куп и олимписко злато во сингл.
Ова беа петти Олимписки игри во кариерата на Новак Ѓоковиќ. Први во кои играше финале и освои златен медал.
Како најстар финалист и победник во историјата на олимпискиот турнир, го победи најмладиот финалист – Карлос Алкараз, во борбата за најголемото одличје.




