ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Зошто министерот и заменикот цели 17 дена не се сретнале, не разговарале и не се координирале меѓу себе?

August 9, 2024 19:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Фото: Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство

Фото: МЗШВ

Пишува: МАРЈАН ЗАБРЧАНЕЦ

После извинувањето на министерката за образование, изјавата дека немало потреба од учебници по англиски јазик, децата можеле да учат од серии и од интернет ја изгуби битката за скандал или гаф на денот (9 август 2024) во конкуренција со соопштението на Министерството за земјоделство во кое се информира дека министерот и заменик министерот оствариле средба. Ова е исто како да нѐ информираа со соопштение дека утрово дошле на работа.

За тоа колку е смешно, скандалозно и пародично ова соопштение веќе на големо се пишува на социјалните мрежи.

Но, ајде да видиме која би можела да биде позадината или причината за некој да одлучи да пласира ваква информација во јавност.

Соопштенијата од институциите имаат намера да известуваат за активностите кои се од интерес на граѓаните, да создаваат вести за тоа и на тој начин да се одржува и развива довербата на јавноста кон институциите. Институционалниот ПР не ретко има и секундарна политичка цел, а тоа е преку позитивните вести да се јакне индивидуалниот политички рејтинг на функционерите, односно на министрите.

Што вели тероијата и професионалниот ПР? Што ја прави една информација да биде вредна за објавување, односно во кој момент истата заслужува да стане вест?

  1. Влијание – ако станува збор за нешто што може изврши влијание врз одредена целна група
  2. Навременост – веста уште се нарекува и новост, бидејќи информира за нешто ново и важно
  3. Блискост – нешто што ѝ е блиско, својствено, потребно на целната публика
  4. Човечка хуманост и емоција – нешто што има за цел да допре до емоциите на луѓето, да ги направи похумани, да ги насмее, да ги разнежни, да ги направи поемпатични
  5. Конфликт – некое несогласување, спротиставување, побивање, одбивање, демантирање и слично
  6. Бизарно – нешто што шокира
  7. Јавни личности – нешто важно поврзано со животот на одредена јавна личност

Логично е дека од сите овие карактеристики кои треба да ги исполни една информација за да стане вест, онаа на Министерството за земјоделство не исполнува ниту една. Но, дали е така?

Зошто некој би имал потреба да соопшти дека министерот и заменикот се сретнале и при тоа разговарале за тековните работи?

Зошто министерот имал потреба да изјави дека преку разговор и добра координација министерството функционира добро за земјоделците и граѓаните?

Одговорот е еден и се крие во принципот број 2 наведен погоре, односно во тоа што министерството сака да нѐ информира за нешто НОВО и важно, односно нешто што најверојатно до сега не се случувало, а е од голема важност за министерството.

Дали ова соопштение всушност сака да ни каже дека од изборот на заменик министерот пред цели 17 дена, денес прв пат се среќаваат министерот и неговиот заменик?

Дали заменикот доаѓал на работа овие 17 дена откако е назначен или ова е неговиот прв работен ден?

Или пак ова соопштение сака да ни каже дека цели 17 дена министерот и заменикот не разговарале меѓу себе?

Или пак сакаат да ни кажат дека за прв пат во 17 дена имаат добра координација, односно дека до сега координацијата им била лоша?

Ако е точно дека е новост тоа што министерот и заменикот се сретнале, разговарале и се координирале, прашањето е зошто тоа не го направиле цели 17 дена.


Текстот е личен став на Авторот

Поврзано: 

МЗШВ: Министерот Трипуновски се сретна со заменик министерот од истото министерство Флакрон Беџети

Next Post

Оштетена спомен плочата на загинатите бранители кај „Карпалак“

НАЈНОВО

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

August 20, 2025

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk