Атлетичарката Сифан Хасан денеска го освои златниот медал во женскиот маратон на Олимписките игри во Париз.
Етиопјанката, која настапува под знамето на Холандија, до златото дојде со време на нов олимписки рекорд од 2:22.55 часа.
Ова е трет медал за Хасан на Игрите во Париз, откако претходно освои бронза на 5.000 и 10.000 метри, а шести олимписки медал во кариерата.
Сребрениот медал на женскиот маратон го освои Етиопјанката Тигст Асефа со време 2:22.58 часа, а бронзата Хелен Обири од Кенија (2:23.10).
Во петокот, атлетичарот од Етиопија, Тамират Тола, го освои златниот медал во машкиот маратон на Олимписките игри во Париз, додека македонскиот маратонец Дарио Ивановски ја заврши трката на 69. место.
Тола го освои златниот олимписки медал со време на нов олимписки рекорд од 2:06:26 часа, минувајќи прв низ целта пред Башир Абди од Белгија, кој заостана 21 секунда и Кениецот Бенсон Кипруто, кој имаше заостанување од 34 секунди.
Ивановски, кој е првиот македонски маратонец во олимписката историја, ја мина целта со време од 2:28:15, заостанувајќи 21:49 минути зад Тола.
Поврзано:
Дарио Ивановски 69. место на олимпискиот маратон, победи Тола од Етиопија