ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бајден на конвенцијата на Демократите: Се бориме за душата на Америка

August 20, 2024 08:36
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на САД Џо Бајден се обрати пред учесниците на Демократската национална конвенција во Чикаго, каде треба да се официјализира кандидатурата на Камала Харис за претседателската функција.

Помалку од еден месец по повлекувањето од трката, Бајден беше пречекан и поздравен како херој на конвенцијата.

Говорот на Бајден официјално го најави неговата ќерка Ешли Бајден, а аплаузот пред неговиот говор траеше три минути.

Публиката скандираше „Те сакаме Џо“, на што тој одговори дека ги сака нив и Америка, пишува Гласот на Америка.

– Да ве прашам: Дали сте подготвени да гласате за слобода? Дали сте подготвени да ги изберете Камала Харис и Тим Волц?, праша Бајден.

Тој рече дека демократите се собраа во 2020 година за да ја спасат демократијата.

– Демократијата победи. Ние ја донесовме демократијата. И сега демократијата мора да се зачува. Пред нас е пресвртна точка. Еден од оние ретки моменти во историјата кога одлуките што ги носиме сега ќе ја одредат судбината на нашата нација и на светот во децениите што доаѓаат. Тоа не е хипербола, мислам буквално. Ние се бориме за душата на Америка, рече Бајден.

Тој, исто така, зборуваше за своите резултати и изјави дека тој и Камала Харис им помогнале на државите и градовите повторно да ги отворат училиштата и дека наставниците во државните училишта добиле покачувања.

Тој рече дека не е Трамп и оти нема да ги демонизира имигрантите, за кои републиканскиот кандидат тврди дека ја „отруле крвта на Америка“.

Бајден зборуваше и за завршување на војната во Газа и за тоа како го напишал мировниот договор за Газа и дека работи деноноќно за да стави крај на страдањата на палестинскиот народ.

– Демонстрантите на улица имаат право. Многу невини луѓе гинат од двете страни, рече Бајден.

Тој додаде дека Харис е најдобрата личност која може да ја заврши работата што тој ја почнал – да го победи републиканскиот ривал Доналд Трамп и да ја заштити американската демократија од него.

Првата дама на САД, Џил Бајден говореше пред нејзиниот сопруг за тоа како решил да се откаже од кандидатурата.

– Го гледав како копа длабоко во неговата душа и одлучи да не бара реизбор и да ја поддржи Камала Харис. Нашиот син Бо првпат работеше со Камала кога беше јавен обвинител на Делавер. Една ноќ ми рече за време на вечерата. „Мамо, таа е посебна. Некој на кој треба да внимаваш. И беше во право. Џо и јас ја видовме нејзината храброст, одлучноста и каква лидерка е. Камала и Тим, ќе победите, рече Џил Бајден.

На почетокот на конвенцијата на бината ненадејно се појави и Камала Харис и накратко ги поздрави делегатите.

– Ова ќе биде прекрасна недела. Сакам да почнам со тоа што ќе го поздравам нашиот претседател, на кого сме вечно благодарни. Сакаме да се бориме за идеалите што ни се блиску до срцето. Кога се бориме, победуваме“, рече таа.

На првата вечер на конвенцијата говореа и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон и тренерот американскиот кошаркарски „тим од соништата“ Стив Кер.

Конвенцијата на демократите завршува в четврток.

Денеска на конвенцијата треба да говорат поранешниот претседател Барак Обама и сопругот на Камала Харис, Даг Емхоф, а утре кандидатот за потпретседател Тим Волц.

Тогаш ќе зборува и поранешниот претседател Бил Клинтон.

Говорот на Камала Харис е закажан за четврток, кога се очекува и официјално да ја прифати кандидатурата, со што ќе заврши конвенцијата.

Tags: БајденСАД
Next Post

ФБИ: Иран стои зад обидот за хакирање на кампањите Трамп и Бајден-Харис

НАЈНОВО

Премиера на театарската претства КОСА: Порои на бес

November 3, 2025

Идентификувани телата на тројца израелски војници вратени од Хамас, меѓу нив и највисоко рангиран офицер

November 3, 2025

Најнизок одѕив на локални избори од независноста на земјата, првпат не надминува 50 проценти

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk